Ексклузивно интервју на Музика24 со легендарниот Неша Галија (Фото)

Музика24 како ексклузивен медиумски партнер на “Сцена продукција” од Битола, имаше ексклузивна можност за интервју со фронтменот на легендарната рок група “Галија” после нивниот прв голем акустичен концерт во Битола и цела Македонија. Ненад Милосављевиќ (Неша Галија) во своето второ интервју за нашиот портал открива детали за својот мандат како пратеник во парламентот на Србија, за забранетите песни, за братските односи во “Галија” и многу повеќе во интервјуто кое следува:

Музика24: Ковид -19 ја обележи 2020 година. Зад нас се неколку месеци на карантин и рестрикции. Како Вие го поминувавте времето во изолација?

Неша Галија: Па многу едноставно. Во вакви ситуации човек треба само да се придружува до законите и она што го зборува струката, немаме ние што посебно да размислуваме за тоа. Наше беше да седиме дома, да ги почитуваме препораките и да го организираме својот живот во согласност со околностите. Јас своето време го организирав и искористив така што преведов една програма која одамна сакав да ја завршам. Ми треба добри 4-5 месеци да завршам, а тоа подоцна многу ќе ми користи во работата. Така го поминав ова лудило, односно оној прв критичен дел.

Музика24: Во еден мандат бевте пратеник во парламентот на Србија. Со оглед на тоа што посебно се залагавте за културните политики. Како денес гледате на овој Ваш ангажман и колку сте задоволен од постигнатото?

Неша Галија: Тоа е свет кој е сосема различен од мојот. Јас мислев дека тоа поинаку функционира. Јас на тоа гледам како едно особено важно искуство во мојот живот, но не мислам дека направив нешто Бог знае што. Не ни можев да направам. Оние кои се запознаени со принципот на функционирање на парламентот, ќе разберат за што зборувам. Потребни се многу други услови, не е доволен само еден човек туку треба целиот систем да се менува. Има многу причини зошто тоа што Вие го замислувате дека може да се смени преку ноќ, не може. А има и причини зошто може. Едноставно тоа е така како што е,  и човек треба да се помири и да прифати така како што е. Така направив и јас, бидејќи сфатив дека тоа не е за мене, после 2 години напуштив.

Неша и режисерот Срѓан Драгојевиќ во парламентот на Србија
(Фото: Оливер Буниќ)

Музика24: Во неколку наврати низ годините, Вашите песни беа цензурирани и забранувани поради политички и идеолошки причини. Какво е чувството за еден уметник неговите дела да се забрануваат?

Неша Галија: Ние сме едноставно уметници и наша задача е да ја прикажуваме реалноста. Не можеме да зборуваме само за убави работи, затоа што животот не е само убав има и полно лоши работи кои се за осуда. Животот е толку голем и неповторлив и има многу простор да зборувате за секој сегмент на живеењето. Така да не сум ни прв ни последен уметник на кој ова му се случувало. Видовте и вечерва, овие песни се стари и по 2, 3 па и 4 децении а публиката сеуште ги знае и сака. Во главно се што свириме е постаро од 20 години, а тоа е најдобар показател што сте работеле и колку вреди тоа.

Фото: Марко Цветковиќ (Flickr)

Музика24: Со Вас во “Галија“ свири и Вашиот брат Предраг. Постои приказна дека Вашите имиња ги добивте од некоја народна приказна. Која е симболиката?

Ма не (се смее), тоа би требало да го прашате нашиот кум, но тој е одамна починат. Ние сосема случајно почнавме да се занимавме со музика заедно. Во еден момент сфативме дека можеме тоа заедно да го работиме, секој од некој свој агол и во склад со своите обврски. Таа соработка трае до денес, а се случи сосема спонтано. Воопшто немаше намера да го работиме ова заедно. Тој е талентиран за пишување песни а јас за музика и тогаш овие две работи се вклопија. Како што можевте да видите и вечерва, тој одлично пее. Така да ако е нешто добро, зошто да не.

Група “Галија“
*Неша (во средина) и брат му Предраг (лево)

Музика24: Познато е дека сте голем љубител на театарот и сте работеле на многу театарски претстави. Што работевте последно на ова поле?

Неша Галија: Последно работев пред околу 2 години на мјузиклот “Плави чуперак” за театарот “Душко Радовиќ”. Но работев навистина многу. Всушност и групата настана врз основа на еден проект за театарска претстава. Јас како млад немав намера да правам бенд, но режисерот бараше од мене да направам бенд за една претстава. И така после неколку репризи бендот остана на сцената повеќе од 40 години. Затоа и знаеме кога е основан бендот, според датумите на пробите за таа прва претстава. Не сум работел многу филмови, но она што го работев остави голем траг. Тоа е филмот “Зона Замфирова” и  филмот “Пљачка тречег рајха”, кои постигнаа огромен успех. А што мене многу ме исполнува и прави задоволен. Јас работам како Бог налага ама филмовите се многу скапи проекти и бараат големи компромиси.

Интервјуто го подготви: Филип Етмишовски
Фото: Ангела Филовска (Музика 24)

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com