Интервју на Музика24: Данијела Мартиновиќ (Фото)

Водечкиот македонски музички портал Музика24, Ви носи уште едно екслузивно интервју. Музика24 направи интервју со популарната хрватска пејачка Данијела Мартиновиќ која настапи на неодамна завршениот “Пивофест“ во Прилеп. Со поранешната пејачка на групата “Магазин” зборувавме за нејзините почетоци, приватниот живот, професионалните планови, но и писателската кариера.

Музика24: По втор пат настапувате на “Пивофест”, како се чувствувате во Прилеп?

Данијела Мартиновиќ: Навистина сум многу возбудена. Кога бев пред неколку години стекнав искуство кое дефинитивно нема да го заборавам.

Музика24: Станавте пејачка на групата “Магазин” на свои 19 години како замена за македонката Лилјана Николовска, каков предизвик беше тоа за Вас?

Данијела Мартиновиќ: Јас и ден денес верувам дека Лилјана Николовска е една од најдобрите пејачки кој се појавиле на Балканот. За мене тоа како млада девојка беше голема улога. Не сум размислувала дека би требало било кого да заменам, јас само дојдов и започнав со она што навистина сум.
Музика24: Може да се каже дека Вие сте сестран уметник. Музиката е Ваша професија, но сте се појавиле и во ТВ Серија и сте напишале неколку книги. За што се работи?

Данијела Мартиновиќ: Јас досега издадов три сликовници за деца и една книга поезија. И сега сме во план повторно да ја издадеме првата книга.

Музика24: Ваш партнер е популарниот Петар Грашо, а и Вашата сестра се занимава со музика. Дали сте размислувале за дует со Изабела или Петар?

Данијела Мартиновиќ: Да бидам искрена, кога сме собрани со семејството често пееме заедно. Нашите пријатели многу пати не чуле во дует и затоа не сме почуствувале потреба тоа да го обележиме. Сме размислувале за тоа, но не сме дошле до конкретна идеја. Фала Ви на таа идеја, можеби сега посериозно ќе размислиме.
Музика 24: Што има ново на професионален и приватен план?

Данијела Мартиновиќ: Има многу, ќе ми треба многу време се да Ви кажам, но ќе се обидам накратко. Ќе имам концерт насловен “Неописиво”. А на почетокот на септември и во октомври ќе промовираме нови песни. На приватен план се е исто како и лани (се смее).

Интервјуто го подготви: Филип Етмишовски
Фото: Музика24/Марија Етмишовска

Повеќе на Музика24...