Интервју на Музика24: “Фрајле” (Фото)

Музика24 имаше ексклузивна можност да разговара со Јелена Буча една од четирите членки на популарниот женски состав “Фрајле”. Кратко пред нивниот настап на овогодинешното издание на “Пивофест”, Јелена ја открива тајната на нивниот успех, но и како ќе го одбележат јубилејот 10 години на сцената. Прочитајте и детали за книгата на “Фрајле” која се пишува во моментов.

Музика24: Оваа година прославувате 10 години на сцената. Која е тајната на големиот успех?

Јелена Буча: Ние од секогаш сакавме музичка кариера, но не го знаевме рецептот. Мислам дека формулата е да го следите своето срце без разлка на трендовите и што е комерцијално. Ние никогаш не се водевме од тоа и свиревме тоа што ни е нас на душа. Потребно е и многу работа и труд.

Музика24: Имаше најава за Ваша книга. Во која фаза е овој Ваш проект? Што се ќе има во книгата?

Јелена Буча: Јас всушност ја покренав оваа идеја. Ние сега со пријателите си прераскажуваме случки од нашата кариера и ги запишуваме. Па сето тоа со фотографии ќе го документираме во нашата книга.

Музика24: Често пеете песни на македонски јазик, а и често соработувате со нашата Тијана Дапчевиќ. Дали имате во план преработка на уште некоја македонска песна или соработка со друг македонски изведувач?

Јелена Буча: Ги преработивме песните “Чукни во дрво” на Влатко Стефановски и “Во коси да ти спијам” од Тоше. Многу сакаме да дојдеме во Македонија, тука има многу музикален народ. Сите многу ја сакаме Калиопи, а може да направиме и нешто со Тамара Тодевска, таа е сестра на нашата драга пријателка Тијана.

Музика 24: Што е следно од “Фрајле” на музички план? Каде настапувате следно?

Јелена Буча: Работиме со полна пареа. На есен одиме на турнеја во Шведска, Канада и Америка.

Интервјуто го подготви: Филип Етмишовски

Повеќе на Музика24...