Интервју на Музика 24: Горан Бреговиќ (Фото)

Музика24 имаше ексклузивна можност да присуствува на свеченото отворање на казиното FlaminGo на плоштад “Македонија” во Скопје. Пред самиот чин на отворање и големиот концерт на легендарните “Бијело дугме” имавме можност на кратко да разговараме со еден од најпознатите музичари во регионот, Горан Бреговиќ. На кратката средба со новинарите Бреговиќ ни одговори на неколку интересни прашања.

Што да очекуваме вечерва на концертот?

Горан Бреговиќ: Ќе отсвириме весели песни, но и малку тажни. Кој нема да полуди тој не е нормален.

Вечерва сме тука по повод отворањето на казино “FlaminGo“ Дали некогаш сте биле во казино и колку пари сте добиле?

Горан Бреговиќ: Знаето како велат се што е добро, или дебелее или е неморално. Казиното спаѓа во таа категорија “се што е добро”. Се разбира дека сум бил, но не вака големо казино, бидејќи ретко има вакви убави казина каде човек со задоволство би си ја испробал среќата.

 

Во едно интервју изјавивте дека доколку не се занимавте со музика ќе се занимававте со филозофија. Дали тоа сеуште Ви е желба?

Горан Бреговиќ: Факултет се завршува на 23 години, јас тогаш избегав од судбината да предавам филозофија во средно училиште. Но станав ѕвезда, кој би се жалел. Јас не жалам што сега на пример не предавам марксизам. Не сум добар да учам било кого на било што.

Дали сте размислувале за нов материјал на “Бијело дугме“?

Горан Бреговиќ: Не. Тоа е како да одите да го слушате Моцарт и да го прашате дали има нешто ново.

Подготви: Филип Етмишовски

Повеќе на Музика24...