Интервју на Музика24: Next Time во Битола

Популарното македонско дуо “Next Time” вчера вечер настапи во Cafe & Pub Intermezzo во Битола. Екипата на Музика24 во Битола имаше ексклузивна можност да направи интервју со едната половина на популарните “Next Time”, Стефан Филиповски. Стефан ексклузивно за водечкиот македонски музички портал – Музика24 откри на што работат во периодов, но и го коментираше овогодинешниот настап на Македонија на “Евровозија”.

Музика24.мк: Добре дојдовте во Битола. После долго време повторно настапувате тука. Како се чувствувате?

Next Time: Супер се чувствуваме. Долго време не сме настапувале во Битола, но ете Intermezzo Pab не покани и ние со задоволство се одзвавме на поканата и дојдовме. Битола е позната како музички град со вкус за музика.

Музика24.мк: Вашата последна песна “Нешто ќе те питам бабо” наиде на голем интерес, а мислењата се поделени. Како ги коментирате наводите за наводна политичка или идеолошка позадина?

Next Time: Луѓете кај нас се многу поделени. Неможам да кажам дека има иделошка или политичка заднина. Ние не сме историчари за да кажуваме кој е во право или не. Ние ја снимивме песната заради мелосот и да ја заживееме оваа стара песна.

Музика24.мк: Имаше најави за уште нови преработки. Јавноста предлага и шпекулира за уште револуционерни песни. Дали следуваат уште преработки? Кои песни доаѓаат во предвид?

Next Time: Се предлагаат многу стари македонски песни. Не значи дека ако последната “Нешто ќе те питам бабо” беше револуционерска, дека ние ќе предоложиме во тој правец. Планираме уште преработки и завршување на албум.

Музика24.мк: Денеска допатувавте од Софија, Бугарија каде снимавте со бугарскиот пејач Владимир Ампов – Графа. Кажете ни за што се работи?

Next Time: Да. Графа снимаше нова песна насловена “Свобода”. Тој не покани да се вклучиме, и ние направивме исклучок.

Музика24.мк: Дали наскоро планирате нова авторска песна и враќање кон рок музиката?

Next Time: Би сакале и секако ќе снимиме нова авторска музика. Но како што, прво да го завршиме овој албум.

Музика24.мк: Имавте неколку соработки за верски песни со Бигорски манастир. Како дојде до соработката и дали е планирано нешто ново?

Next Time: Ние сме православни христијани. Кога ја добивме поканата со задоволство прифативме. Заедно со уште неколку колеги пејачи досега снимивме неколку песни.

Музика24.мк: Како го коментирате овогодинешниот настап на земјава на “Евровизија”?

Next Time: Како што е насловена и песната “Proud”, Тамара не направи сите горди. Одлична изведба и песна. Тамара е еден од најдобрите женски вокали кај нас.

Музика24.мк: Дали Вие доколку би имале прилика повторно би настапиле на “Евровизија”?

Next Time: Се разбира дека да. Претставува голема чест да се претставува својата земја на еден ваков настан. Но под некои наши посебни услови.

Музика24.мк: Каква е Вашата агенда за идниот период? Каде се ќе настапувате?

Next Time: Да ова ќе биде активно лето за “Next Time”. Ќе имаме доста настапи низ Македонија, но и во Бугарија. Следната недела имаме прес-конференција во Софија во врска нашите настапи таму.

За Музика24 од Битола, Филип Етмишовски.

Благодарност до: Cafe & Pub Intermezzo

Повеќе на Музика24...