Интервју на Музика24: Pluto`s Doubts (Фото)

Младите и свежи “Pluto`s Doubts” вчера вечер настапија на првата фестивалска вечер на “Битола отворен град”. Музика24 ја искористи приликата да разговара со момците од бендот за нивната музика и професионални планови. Ова е прво од серијата интервјуа со македонски артисти и бендови кои Музика24 ги подготвува за следниот период. Со единствена цел да ги поддржи и промовира македонските артисти, особено во вакви кризни времиња за творење и настапување. Во продолжение прочитајте што изјавија за Музика24, вокалот Дарко Поповски и гитаристот Симеон Пеоски.

Музика24: Вечерва настапувате на “Битола отворен град”, а следната сабота на “Skopje Calling“. Со што ќе се претставите пред публиката на овие два големи фестивали ?

Симон Пеоски: Па го изменивме малку настапот и ќе свириме неколку нови песни. Вечерва имаме и поддршка од нашата другарка Ива со која ќе свириме песна на англиски јазик. Така да ќе биде интересно, спој од стари и нови песни.

Дарко Поповски: Пробуваме да го прилагодиме аранжманот звучно и аранжмански колку можеме според различните места на кои свириме. Не е исто да се свири на антички театар и на стадион. Секогаш пробуваме да вметнеме по нешто ново, некоја измена, и се надеваме дека публиката вечерва ќе ужива во тоа што го спремивме.

Музика24: Пред околу месец го промовиравте Вашиот последен сингл. Кажете ни за што се работи?

Дарко Поповски: Да точно. Синглот “Слепа за луѓе свои” ќе биде дел од едно поголемо ЕP издание на кое би требало да има 4 песни. Еве ексклузивно најавуваме дека имаме уште две спремни нумери кои постепено ќе излегуваат наредниве месеци. Се подготвуваат спотови и се што е потребно за една бендовска реч.

Симон Пеоски: Песната е нешто најново, најсвежо од нас. Многу ни се допаѓа и многу сме возбудени за новата песна. Се надеваме ќе и се допадне и на публиката.

Музика24: Најавивте дека ќе учествувате на меѓународната музичка конференција “Мондо – ЊуЈорк“. Како дојде до повикот за учество и кој се Вашите очекувања?

Симон Пеоски: Ние сами се пријавивме за таа конференција и за чудо не примија. Многу сме среќни, но за жал поради корона кризата нема да патуваме таму, туку ќе снимаме некој live-stream кој ќе го пратиме таму. Сакаме да се промовираме како бенд, но и да покажеме што има тука во нашава земја.

Музика24: Периодов има(в)те три големи фестивали. “Д-фестивал“, “Битола отворен град“ и следно “Skopje Calling“. Каква Вие агендата за следниов период ?

Дарко Поповски: Ситуацијава доста ги искомплицира настаните. После “Skopje Calling“ имаме само некои најави но не и конкретни места и датуми. Како што се сите во “магла“ така и ние. Им благодариме на организаторите кои почитувајќи ги протоколите ни овозможуваат да се изразиме како автори и во вакви кризни времиња. Вечерва имаме една чудна и енергетски редуцирана атмосфера, но посакувам за скоро повторно да се видиме кога ситуацијата ќе се среди.

Интервјуто го подготви: Филип Етмишовски

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com