Интервју на Музика24 со битолскиот бенд “Вел” (Фото)

Битолскиот бенд “Вел” вчера вечер (5-ти септември) во рамките на Фестивалот “Битола отворен град” настапуваше во Пациото на Н.У. Завод и музеј – Битола каде за прв пат се претстави пред битолската публика со својата авторска музика. Бендот свири во овој состав околу 1 година откако минатата година на скопскиот фестивал “Таксират” за првпат ја промовираа нивната музика како гости на промоцијата на плоча на бендот “Мугер Фугер” со Горан Трајкоски. Музика24 за серијата интервјуа со македонски артисти и бендови, ексклузивно го доби првото интервју со “Вел”.

За составот на бендот, нивната музика, но и првиот албум зборувавме со басистот и вокал на “Вел”, Томе Спасовски.

Музика24: Во овој состав свирите околу 1 година. Кажете ни на кратко во каков состав настапувате ?

Томе Спасовски: Да, свириме од прилика 1 година. Поточно од 5-ти декември 2019 година. Свириме во состав: Златко Никодиновски (гитара), Денис Алитовски (клавијатурист), Сашо Ристевски (тапани) и јас Томе Спасовски на бас.

Музика24: Вечерва за прв пат ќе ја претставите својата музика со настап на фестивалот “Битола отворен град”, со што ќе се претставите пред публиката ?

Томе Спасовски: Вечера се претставуваме со материјал кој ќе биде дел од нашиот прв албум, вечерва ќе отсвириме 8 песни а албумот би содржел вкупно 9. Едната песна која преостанува нека остане тајна уште некое време.

Музика24: Во најава е издавање на Вашиот прв албум. До каде е процесот на подготовка ?

Томе Спасовски: Албумот сигурно ќе биде готов до крајот на годината. Половина е веќе снимен, останува уште да собереме сили да го завршиме.

Интервјуто го подготви: Филип Етмишовски

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com