Интервју на Музика24 со екс фронтменот на “Анастасија”, Горан Трајкоски (Фото)

Музика24 продолжува со серијата интервјуа со македонски артисти. Денес го објавуваме интервјуто со поранешниот фронтмен на групата “Анастасија”, Горан Трајкоски, со кого разговаравме пред неговиот настап на фестивалот “Битола отворен град”. Трајкоски е активен уште од 1979 година, а најпознат е како основач и фронтмен на групата “Анастасија”, чија музика беше прикажана во оскаровско-номинираниот филм “Пред дождот”. Нема институционално музичко образование, но со музика се занимава од крајот на 1970-те, почнувајќи во Струга со панк бендот “Афективен Набој”. Откако се доаѓа во Скопје, свири во групата “Сарацени”, но во 1983-та го формира бендот “Падот на Византија”, чии песни стануваат познати и култни низ цела Југославија. Потоа свири во “Мизар” и “Апореа”, и конечно “Анастасија”. Кон крајот на 1980 година и почетокот на 1990 година работи како новинар во Македонската Радио Телевизија – Македонско радио и Канал 103 од областа на Македонската народна и современата поп музика. Со Трајкоски разговаравме за винилите, неговата соработка со “Мугер Фугер”, но и работата на театарска музика.

Музика24: Вечерва настапувате на “Битола отворен град” заедно со бендот “Мугер Фугер”, со кои соработувате околу 10 години. Со што ќе се претставите пред публиката во Битола?

Горан Трајкоски: Ќе се претставиме со песните што сме ги правеле изминатите 10-тина година, поточно песните кои што се најдоа на албумот “Во ова време” кој беше издаден во LP издание на крајот на минатата година. Ова ќе биде наше прво претставување на целосниот материјал во Битола.

Музика24: Како што споменавте, минатата година издадовте албум на плоча. Дали се одлучивте за винилно издание поради љубов кон винилот или можеби заради трендот на издавање на LP во изминативе години?

Горан Трајкоски: Не би рекол дека само заради тренд. Да точно е дека е тренд, но тука има и нешто повеќе од тоа. Винилното издание единственото нешто за кое постои интерес во овој момент во продавниците. Разговарајќи со луѓето кои што продаваат, ми кажаа дека интересот за винил спрема ЦД е 1 спрема 10. Значи на секој 10 продадени винили се продава 1 ЦД, што значи дека луѓето дома повеќе немаат ни ЦД плеери, а оние што имаат винили се луѓе кои се колекционери заинтересирани да ги имаат овие изданија.

Музика24: Сте биле дел од познати бендови како “Падот на Византија” , “Мизар”, “Анастасија” итн. Бендовите во меѓувреме се распаднаа, но Вие останавте на сцената. Која е тајната на долгогодишното опстојување на сцената и покрај распадите на бендовите со кои работевте?

Горан Трајкоски: Љубовта кон музиката и спремноста човек да се откаже од некои други работи токму заради музиката. Всушност сметам дека нема никаква тајна.

група “Анастасија“

Музика24: Работите и на театарска музика. Познати сте по соработката со режисерот Дејан Пројковски. Што работите во моментов, односно, што последно сте работеле на ова поле?

Горан Трајкоски: Последно на што работев ова лето е претставата “Дервишот и смртта” која ја почнавме оваа пролет во Народниот театар на Бања Лука. Следно што ќе работиме ако дозволат условите се претстави во Подгорица и Нови Сад.

режисерот Дејан Пројковски и Горан Трајкоски во МНТ

Интервјуто го подготви: Филип Етмишовски

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com