Интервју на Музика24: Венко Серафимов (Фото)

Продолжува серијата интервјуа со македонски артисти во месецот на македонската независност. Денес го објавуваме ексклузивното интервју со маестро Венко Серафимов, со кого разговаравме после концертот на групата “Нокаут“ во Битола, каде тој беше специјален гостин. Реномиран рок артист и гитарист со кариера долга безмалку четири децении, Серафимов е особено познат по групата “Конкорд“ со која создаде антологиските “Високи штикли, црни чорапи“, “Мојот Лик“ итн.

Во продолжение со Серафимов зборувавме за неговата долгогодишна кариера, творештвото, професионалните планови и многу повеќе.

Музика24: Зошто толку ретко Ве гледаме на сцената?

Венко Серафимов: Можеби е поради природата на мојата работа. Јас повеќе работам по студија, пишувам музика за театар и филм. Имам еден бенд со другари од детството кој се вика “Purple Zeppelin“, свириме хитови пред се од нашето време. Последен пат свирев моја авторска музика пред неколку години со група во состав Трајко Каров, Зоран Павловски и Кокан Пандиловски. Направивме неколку концерти можеби веќе пред 8-9 години. Би сакал да седнам да направам нешто ново, но и можеби никогаш немало доволно услови за да се направи тоа, како што јас мислам дека треба да се направи. Имало и понуди кои сум морал да ги откажам, бидејќи немам свој бенд и така е посложено. Да бев како Боб Дилан па да излезам на сцена само со акустична гитара би било полесно.

Музика24: Вечерва пред битолската публика настапувате како специјален гостин на “Нокаут“.

Венко Серафимов: Ми беше многу драго што ме поканија да бидам гостин во античкиот театар во Охрид и еве сега во Хераклеа, на овие две убави вечери. Пере има многу убав бенд, убаво звучат и луѓето ги сакаат овие песни. Прават македонска поп-музика која е многу фер и музикална. Имаат своја публика која го сака тоа.

Музика24: Во својата долга кариера сигурно многу пати сте настапувале тука. Какви спомени Ве врзуваат за Битола?

Венко Серафимов: Битола има прекрасна публика, што сака и разбира музика. Во Битола имам многу пријатели, и секогаш кога доаѓам се радувам. Денес она малку време што го имав го искориств да се сретнам со пријатели, утре пред заминување исто така. Битола е секогаш во моето срце.

Музика24: Како што споменавте, работите на театарска и филмска музика. Што работевте последно на ова поле?

Венко Серафимов: Со Киро Урдин завршивме еден документарен филм кој се вика “Island of Life and Death“ во кој наратор  е еден познат холивудски глумец кој игра во познати холивудски блокбастери. Филмот е завршен, но малку е незгодно што сите фестивали за документарен филм се откажани, но за скоро ќе го почне својот фестивалски живот. За моја жал театрите се најоштетени во целата ова ситуација. Сите институции дури и операта, балетот добија инструкции како да работат а театрите не. Поради природата на театарот да се одвива претежно во затворени простори и со големи кастинзи, веројатно посленди ќе проработат.

Музика24: За крај, на што работите во моментов? Какви Ви се професионалните планови?

Венко Серафимов: Работам постојано, не морам да имам некој ангажман за да седнам да правам нова музика и песни. Денеска баш се видов со Игор Џамбазов и можно е да има некоја нова соработка. Случајно се погоди вечерва да се сретнеме на овој концерт, а ќе видиме може и ќе снимиме нешто заедно.

Во продолжение, прочитајте останатите ексклузивни интервјуа со познати македонски музички имиња.

ИНТЕРВЈУ НА МУЗИКА24 СО ЕКС ФРОНТМЕНОТ НА “АНАСТАСИЈА”, ГОРАН ТРАЈКОСКИ (ФОТО)

ИНТЕРВЈУ НА МУЗИКА24 СО БИТОЛСКИОТ БЕНД “ВЕЛ” (ФОТО)

ИНТЕРВЈУ НА МУЗИКА24: PLUTO`S DOUBTS (ФОТО)

ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ НА МУЗИКА24 СО ЛЕГЕНДАРНИОТ НЕША ГАЛИЈА (ФОТО)

Интервју со Пере Нокаут, после концертот во Битола (Фото)

Интервјуто го подготви: Филип Етмишовски

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com