Интервју на Музика24: Зеле Липовача (Фото)

Музика 24 имаше ексклузивна можност по концертот во Битола да поразговара со фронтменот на „Дивље јагоде“, Зеле Липовача. За новиот соло албум, творење во време на пандемија. Кои квалитети треба да поседува еден гитарист? Која е тајната формула за витален изглед? Како да се дојде до врвот? Прочитајте во интервјуто што следува.

Музика24: После многу години повторно одржавте концерт во Битола, кој воедно беше помеѓу првите Ваши концерти после пандемијата. Како си поминавте на концертот?

Зеле Липовача: Јас секогаш велам: најдобро е публиката да се праша каков беше концертот и дали убаво си поминаа. Инаку ова е втор или трет концерт по таа пауза. Мислам дека ова е наш трет концерт овде. Знам дека во Битола постои голема база на обожаватели кои многу ги сакаат „Дивље јагоде“, и самиот се прашувам зошто немаше повеќе концерти овде. Но „боље икад него никад“. Короната не се најави туку дојде сама и траеше колку што траеше. Ќе видиме што ќе биде во иднина, јас се надевам дека конечно ќе заврши и ќе можеме нормално да работиме. Кога ќе ги отвориш социјалните мрежи има толку многу теории на заговор, но никој не знае како ќе биде на есен.

Фото: 2S Studio/Стојан Стојановски

Музика24: Кон крајот на април објавивте инструментална преработка на песната „Македонско девојче“, а како најава за Вашиот трет соло албум. На што работите во моментов?

Зеле Липовача: Тоа е некој сплет на настани. После втор доаѓа трет албум, па потоа некој следен албум. Тешко е да се одржи тој континуитет. Јас има два бренда едниот е „Дивље јагоде“, а другиот Зеле. Последниве 1-2 години не свиревме, колку и да изгледа дека во тоа време во кое нема концерти може да се пишуваат песни и да се работи во студио, не е баш така. Јас морам да бидам искрен, едноставно не бев креативен на тој начин. Логиката е во тој период во кој не работиме, да направиме најмногу песни, а јас направив најмалку. Се обидував да бидам креативен колку што знаам и можам. Не беше како што очекував па затоа не сакав со сила да работам и така со инструменталниот албум стигнав до половина. Ќе ми треба уште еден, два месеци а можеби и повеќе за првенствено да изберам некои теми што сум ги снимал во минатото. Тие се на разни траки, ЦД-ња а голем дел и на мобилниот телефон. Кога ќе видам дали имам доволно материјал, а мислам дека нема да имам. Ќе морам да направам некои нови нумери. Нема да биде ништо поразлично од мојот последен албум. Како и на претходниот албум, и сега ќе соработувам со нашиот клавијатурист Дамјан Деуриќ. Во однос на гости, една песна ќе испее Tony Martin од „Black Sabbath“ и Сара Војичиќ – ќерката на Тифа. Се разбира „Македонско девојче“ ќе биде тука, нумера која јас одамна ја свирам и мислев дека е добро да ја снимам. Пред се им сум благодарен на Браќата Тавитјан кој веднаш прифатија да бидат гости и дадоа голем придонес.

Музика24: Кои квалитети треба да поседува еден гитарист? Некои велат дека најважна е брзината на свирење.

Зеле Липовача: Пред се гитарата не е трка на 100 метри. Самата техника е важна, но не е пресудна за публиката да го препознае некој како добар гитарист. Има стотитици илјади луѓе кои свираат гитара но само малку гитаристи. Гитарист е оној кој има свој потпис, кој можеме да го препознаеме кога свири и оној кој ќе предизвика некакви емоции кај слушателот.

Музика24: За Вас велат дека не сте се променале и сте вечно млад. Која е тајната формула за витален изглед?

Зеле Липовача: Ако постои формула, Мадона би имала 15 години (се смее). Тешко дека можам да Ви кажам формула. Да постои формула, сите што имаат пари ќе изгледаа како бебиња. Јас живеам како што живеам, можеби тука има нешто поразлично од она како живеат моите пријатели. Сепак, не е тоа некоја посебна дисциплина. Јас сум рокер но не го живеам тој “рокерски живот“.

Музика24: За рокерите важи фразата „Секс, дрога, рокенрол“, но според Џибони за „Дивље јагоде“ важи фразата „Секс, ќебапи, рокенрол“. Што мислите Вие?

Зеле Липовача: Можеби има малку вистина во тоа. Кај мене единствено е проблем што јас не јадам ниту ќебапи (се смее). Некогаш јадев плескавици, ќебапи, бурек и се друго. Не дека сум вегетаријанец, но во главно не јадам месо туку риба. Како што патував низ светот, гледав многу различни култури. И ако е човек паметен го прифаќа најдоброто од тоа што го гледа. Резултат на тоа е она што сум денес. Важно е да се знае дека организмот до 30-те години е отпорен на се. Тоа е исто како кога ќе купиш кола, таа првите 5 години е добра ама ако потоа не ја одржуваш нема ништо од таа кола. Така е и со човечкиот организам.

Музика24: Родени сте и групата ја формиравте во Југославија. Дали е Зеле југоносталгичар?

Зеле Липовача: Не сум. Јас сум веројатно последната личност за која ќе помислите дека е југоносталгичар. Дали беше подобро за музиката во тоа време или денес, е тешко да се каже. Тешко е да се изгради една кариера, без разлика дали во Југославија, сегашните држави или некоја идна држава. Потребна е истата количина на енергија, волја, желба и упорност за нешто да се направи. Без разлика дали живеете во Албанија или во Југославија, секогаш е исто тешко.

Музика24: Што би ги советувале младите кои сакаат да бидат рок ѕвезди? Како да се дојде до врвот?

Зеле Липовача: Знаење, работа и чесност. Тоа е универзална вредност, која се вреднува во целиот свет, па и кај нас на Балканот. Она што е важно за еден бенд кај нас но и светот а за да функционира 15, 20, да не речам 40 години, мора да дојде некоја млада публика. Тоа се виде вчера на концертот на кој имаше публика од сите генерации. Да ја немаше таа “свежа крв“ одамна ќе мораше да ставиме клуч во бравата. Ако треба некого да советувам, тогаш почнувам со мојот пат до успехот. Јас се одрекнав од многу работи за да бидам она што сум денес. Мораш да веруваш во она што сакаш да бидеш. Ако не веруваш 100 % туку 99 %, тогаш нема ништо од тоа. Јас се сеќавам како дете, секогаш им велев на моите другари дека ќе станам ѕвезда која ќе снима плочи и ќе биде популарна. Сите ме гледаа бледо и си велеа што си замислува овој. Јас ниту во еден момент не се посомневав дека нема да бидам тоа што сум. Ако некој може да размислува на тој начин, тогаш резулатот ќе дојде порано или подоцна. Важно е колку можете бидете упорни и да чекате.

Интервјуто го подготви: Филип Етмишовски

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com