Интервју со Гитара Пет: Дел од нашите најталентирани ученици ќе настапат на “UnderFest2019”

Музичкиот портал Музика24 и понатаму продолжува со ексклузивни интервјуа со дел од учесниците на овогодинешното издание на долго очекуваниот и најавуван “UnderFest2019”. Дел од учесниците се и Гитара Пет кои што всушност претставуваат невладина организација со цел да ја научат младината на културата и уметноста на класичната гитара. Оваа невладина која е основана од 5 професори, сите повеќегодишни ученици и предавачи во Асоцијација Петков Интитут и Културно Едукативен Центар Илинден, ќе ја обавуваат наставата и ќе ги реализираат целите.

Во соработка со останати невладини, познати кафулиња и младинско културни центри, Гитара Пет се грижи да музиката научена во школата не остане таму туку се прошири, од најмали свирки, па се до големи концерти. Гитара Пет и неговите ученици ќе се претстават и на музичкиот фестивал “UnderFest2019” во недела на 7-ми април.

Од кога постои и чија беше идејата за основање на Гитара Пет?

Гитара Пет постои од август 2016 година. Во тоа време во Скопје, се затвори Петков Институтот за гитара и се појави потреба од ново училиште за класична гитара кое ќе биде отворено за секоја возраст и ќе има пристапни цени. Идејата конкретно беше на Ненад Вичентиќ, класичен гитарист и еден од основачите на Гитара Пет. Во реализацијата се приклучија уште 4 класични гитаристи, Тања Стојаноска, Благоја Илчов, Михајло Стојанов и Дарко Милисавов. Се познававме бидејќи сите пред тоа бевме дел од Петков Институтот за гитара. И така настана Гитара Пет. Од оригиналниот состав, денес сме останати тројца професори, Тања Стојаноска, Ненад Вичентиќ и Благоја Илчов и одржуваме часови секој ден од понеделник до сабота.

Колку ученици го посетуваат вашето училиште?

Во моментов имаме преку 50 активни ученици од буквално секоја возраст (6+ до 50+). А во текот на годините нашите курсеви ги имаат посетувано барем уште 100-на ученици.

Каде досега сте настапувале, односно сте имале можост да ги прзентирате талентите од вашето училиште?

Досега нашите ученици се имаат претставено на телевизија во емисијата “Урбан Таг”, на настанот “После Часови” свирејќи класични и етно композиции, на “флеш моб” за човекови права подржан од ЕУ, како гости на завршна приредба во училиште за странски јазици и воедно имаат настапувано на неколку приредби во своите локални училишта со класични композиции спремени на нашите курсеви.

Во април оваа година ќе имате настап на фестивалот “UnderFest”, како дојде до тоа и што мислите за овој тип на фестивал кој трае три дена и кој е целосно посветен на изведувачи од Македонија и дали некогаш сте настапувале на ваков тип на фестивал?

Да, многу сме возбудени во врска со настапот. Организаторите од фестивалот не контактираа за тоа дали би сакале нашите најталентирани ученици да настапат и секако дека прифативме. До сега имавме одлична комуникација со организаторите и би сакале да ги пофалиме за тоа. Пред тоа не бевме запознаени со фестивалот, но мислиме дека е одлична идеја. Ќе биде одлична можност за сите млади таленти да се претстават пред публика и воедно да се стекнат со искуство на сценски настапи. Исто така се надеваме ќе отвари можност за понатамошни соработки помеѓу искусни музичари, млади таленти, музички школи и сл.

Повеќе на Музика24...