Јанко Илковски: Се помалку ме интересира класична песна туку музика која не може да се слушне исто два пати (Фото)

Тој е веќе надалку познат и докажан пред македонската тв публика. Некогаш со “Гутенбергова галаксија”, а денес со “Јади бурек”. Нема некој од политичарите, или пак да е познат уметник или пејач а да не седнал на жешкото столче спроти него. Понекогаш незгоден и директен, понекогаш голем мајтабчија и опуштен бурекџија. Јанко Илковски или Јанко Јади Бурек ексклузивно за Музика24 одговара на нашите новогодишни прашања, а што тој ни одговори… прочитајте во продолжение.

Музика24: Што е она по што ќе ја паметите 2020-та година, годината која што за само неколку часа ќе биде наше минато?

Јанко Илковски: Преку Тасета више од муабетите за Корона! Оваа година треба и мора да се памети по пласманот на нашите фудбалери на европското првенство. Точка ем запира ем извичник! Заради акутно зголемениот конгломерат на накурчени намќори и пицопевци пред 15 г престанав со фудбалските преноси. Во 2021 се думам пак да ги напаравам, не на некој медум, туку оналјн, сам, од дома, без премногу публика туку онака за свој ќеф. Ионака станавме стока оперирана од хумор и забава мене ми е доста од дежурни моралисти кои немаат што да прават па те чекаат на лингвистичка кривина за да си го оправадаат сопственото битисување кое не поразлично од хемороид.

Музика24: Дали има нешто што посебно Ви се случи во текот на оваа година и Ви остави посебен впечаток?

Јанко Илковски: Ништо посебно, качив 5 кила, спиев како ретко кога, изнагледав катрљон филмови и серии, се расчитав книги и прележав корона. Инаку искрено уште летоска реков дека сакам да ја прележам што е можно поскоро да се ослободам од оваа психопатолошка масовно-хистерична состојба и сега откако ја минав, постојано си ја кажувам омилената синтагма на татко ми – КИТКА МИ ВЕНЕ – КУРОТ МИ ДРЕМЕ. Раат сум од сите оние абнормалности и паранои во врска со овој хемиско – биолошки боев отров. Многу ме дојми полицискиот час, сватив колку било убаво и мирно иако на сила и со принуда, но празни улици и патишта… мислам, прекрасно. Од друга страна сфатив дека сме тешки плачипички, најстрашливи пусиња и во тоа сме број еден во светот!

Музика24: Која е според Вас најслушаната песна за 2020-та година?

Јанко Илковски: Прашањево не ми е најјасно… која е најслушана објективно? Ја оди кликни троа на она ТВОЈАТАЦЕФКА и види кое џубре е најкликано и евела. Ако е пак за лично, најмногу конзумиран генеративна музика, која трае со десетици часови, а по форма и структура наликува на Pink Floyd – Set The Controls For The Heart Of The Sun. Се помалку ме интересира класична песна, туку амбиент- експеримент, музика која не може да се слушне исто два пати, за разлика од вообичаениот 3-4 минутен меинстрим.

Музика24: Што би си посакале себе си, на своите блиски и најсакани и секако на читателите на единствениот македонски музички портал Музика24?

Јанко Илковски: Гледав едно А класа филмче на таа тема… и колку да ме влече да кажам она излитено наше – здравје, пари се најубаво… некако овој нокшир од глава кој го носам на рамења како да се опаметил, (пу пу скраја да е) и наместо некакви ниски страсти, бара нешто посуштествено. Најискрено ме замисли и думав, и ова е мојот конклужн – само библиската мудрост е единствена и најдоготрајна… еве што – Мудроста на Сосломон, кој кога бил прашан од Бога што сака, не побарал ни моќ ни богатство туку мудрост. За тоа бил награден многукратно повеќе. Само мудрост ни треба, а да ја имам мудроста и знаењето на најголемите умови со оваа памет!?!? Најверојатно би ме застрелале ладнокрво.

Подготви: Редакција Музика24

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com