Концерт на “Банкрот Блуз Бенд” на овогодинешниот “Блуз и Соул Фестивал” (Фото)

Како и секоја година досега, така и оваа, месецот септември е резервиран за традиционалниот музички фестивал “Блуз и Соул фестивал” кој што и оваа година е во организација на Дирекцијата за култура и уметност. По тој повод разговаравме со Јасмина Марковска еден од организаторите во Дирекцијата за култура и уметност и воедно годинава задолжена за целиот фестивал.

Музика24: Како и на кој начин и покрај Ковид-19 и глобалната пандемија успевате да ја одржите традицијата и да организирате уште едно издание на овој кај нас познат музички фестивал?

Јасмина Марковска: Во овие специфични услови наметнати од пандемијата со вирусот Ковид-19 кои влијаеа на одржувањето, одлагањето или откажувањето на повеќе манифестации и фестивали, Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, покрај успешното реализирање на фестивалот “Скопско лето” продолжува со организација на овогодинешниот “Блуз и Соул фестивал”.

Музика24: И годинава покрај се она што во меѓувреме се сличи, ќе се одржи овој познат музички фестивал, но дали можете да ни откриете изминатите години кој се има настапувано и кој се има застанато на сцената на “Блуз и Соул фестивал”?

Јасмина Марковска: Во изминатите години македонската публика имаше можност да ги проследи настапите на стотина релевантни имиња од светската блуз и соул сцена како што се: The Temptations (САД), Tolo Marton Trio (Италија), Blues Wire (Грција), Phil Guy (САД), Mick Taylor (Велика Британија), Nico Wayne Toussaint (Франција), Tony Vega Band (САД), Eric Sardinas (САД), David Honeyboy Edwards (САД), Mama’s Pit (Италија), Vargas Blues Band (Шпанија), Matt Schofild (Велика Британија), “Tеxas Flood” (Србија), Ducks Can Groove (Шведска), Layla Zoe (Канада), Fulvio Feliciano (Италија), Leon Hendrix (САД) и други.

Музика24: Дали досега како се одржува фестивалот, се има почуствувано потреба за потикнување на македонската блуз и соул сцена?

Јасмина Марковска: По првите неколку изданија на фестивалот се почувствува влијанието во поттикнувањето и на македонската блуз и соул сцена. Па така, учество земаа и македонски групи во рамки на фестивалот, како Juke Joint Exprerss, Wild Bunch, Crossroadс, Влатко Стефановски трио, Venko Serafimov & tehe Bluesfakers / blu:zfeikas /, Игор Станоевски, Гуру Харе, Димитар – Мичо Божиков, Damir Puh Blues ProjectIn the Mood Big BandThe Mole Pack.   

Музика24: Годинава, како е осмислен и што се може да погледнеме на најновото издание на музичкиот фестивал “Блуз и Соул фестивал”?

Јасмина Марковска: Во оваа тешка година, со поддршка за домашните изведувачи, традиционално продолжуваме со целовечерен концерт на “Банкрот блуз бенд” со пријателите. Утре 23-ти септември (среда), со почеток во 21 часот, Куршумли ан, публиката ќе има можност повторно на сцената да ја слушне групата која гарантира за добра блуз атмосфера, Петар Ренџов, Сашо Гигов-Гиш и Игор Атанасовски-Харе, а ќе им се придружат и Елена Ставреска-вокал, Венко Серафимов-гитара, Никола Петровски – Џими-гитара, Сашо Георгиевски-харп, Гоце Стевковски-тапани, Мите Димовски-тапани, Дарко Мучев-бас, Сенад Усеин-труба, Кирил Кузмановски-саксофон, Сашко Николовски-тромбон.

Упатуваме голема благодарност до Министерството за култура, Турскиот Културен Центар – Јунус Емре, приватната пошта Еко Логистик Сервис, InTec System и Горска вода.

Се разбира согласно протоколот за организација на настани во време на Ковид-19 задолжително е носењето на лична заштита на лицето (маска, шал, марама), одржување на физичко растојание и дезинфекција на раце на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација.

Билетите се продаваа онлајн и за жал, концертот е веќе распродаден.

Музика24: После овој музички настан, може ли накратко да ни откриете кои се следните настани, концерти и случувања кои што иднина можеме да ги погледнеме, а се во организација на Дирекцијата за култура и уметност?

Јасмина Марковска: Наредните проекти кои ги подготвува Дирекцијата за култура и уметност на град Скопје се “Денови на Европско Скопје” и “Есенски музички свечености”.

Интервјуто го подготви: Иван Јосимовски

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com