Пепа Димитрова: Во 2021 посакувам нови песни, видеоспотови, албум и семејна среќа (Фото+Видео)

За Пепа Димитрова и 2020-та, колку и да беше тешка, беше работна и исполнета година. Оптимист по природа, го искористи периодот за да помине повеќе време со сопругот и нивните три деца, да се рекреира во природа, и секако, да се занимава со музика. Промовираше нова песна, настапи на “Макфест”, сними музички спот… Во новогодишното и божикно интервју за Музика24, проговори за сево ова и ни откри ексклузивни информации околу новата песна, снимањето на спот и подготовката на нејзиниот прв албум.

Музика24: Што е она по што ќе ја паметите 2020-та година, годината која што е веќе наше минато?

Пепа Димитрова: 2020-та беше година полна со предизвици. Моравме да научиме да се однесуваме поинаку, да живееме по нови правила. Живеевме како што моравме, не како што сакавме. Короната однесе многу животи, ни го однесе чувството за сигурност, ни ја покажа слабата страна на човештвото. Но, јас никогаш не го загубив оптимизмот. Можеби беа во модифицрана форма, но и во оваа година имав убави моменти со најблиските, со семејството, со пријателите. Ќе паметам дека повеќе од секогаш фамилијарно се дружевме, дека спортував во природа, дека изнаоѓав начин како безбедно да го испијам кафето со пријателките, дека многу слушав музика, пеев, настапив на “Макфест”, промовирав нова песна и спот, но и носев одлуки за моите следни чекори во музиката.

Музика24: Дали има нешто што посебно Ви се случи во текот на 2020-та година и вам Ви остави посебен впечаток?

Пепа Димитрова: 2020-та за мене беше исклучително работна година. Подготвував нов музички материјал, песната “Студени очи” која ја потпишаа Игор Џамбазов како текстописец и Слободан Стојанов како автор на музиката и аранжманот. Песната ја имаше својата промоција на “Макфест” и многу сум задоволна од тоа како публиката реагира на неа. Потоа, за истата песна снимив и видео спот. Го работев со Александар Пауновски, а фотографијата беше на 2С Студио. Го снимавме на повеќе атрактивни локации низ Македонија. Користевме и олдтајмер кој е дел од приватната колекција на колекционер од Битола. Мој личен впечаток е дека ова возило стана препознатлив знак за песната “Студени очи”. Се погриживме и мојот изглед да одговара на приказната…Од гардероба и шминка, преку куќата во која реализиравме еден дел од снимањето, потоа и преку Бјуикот од 1952-год, раскажавме современа приказна од едно дамнешно време. Крајот на 2020-та го заокружив со нов музички материјал. Со Весна Малинова и Владимир Дојчиновски Дојчин влеговме во студио и направивме нова песна.

 

Музика24: Која е според Вас најслушаната песна за 2020-та година?

Пепа Димитрова: Ќе си дозволам да бидам нескромна и да речам дека “Студени очи” за мене е песната која ја одбележа, барем мојата 2020-та година. Се надевам дека таа ќе остане да се слуша и понатаму и дека ќе биде најслушана песна и на многу други љубители на македонската музика.

Музика24: Што би си посакале во новата на себе, на своите блиски и најсакани и секако на читателите на единствениот македонски музички портал Музика24?

Пепа Димитрова: Посакувам животот повторно да го живееме онака како што сакаме. Да нема потреба од маски, да се вратат прегратките и блискоста, да се дружиме без страв од корона. Посакувам здравје за сите, среќни насмевки, да сакаме и да сме сакани. Би посакала година исполнета со македонска музика. Еве, ексклузивно за единствениот македонски музички портал Музика24, ќе откријам дека мојата нова песна се вика “Длабоко” и дека е песна која очекувам да допре до секого. Деновиве завршуваат подготовките и ќе започнеме со снимање на спотот за оваа песна. А во 2021 година, и оваа и уште неколку други нови, како и дел од досега снимените песни ќе се најдат на мојот прв албум. Сумарно, се надевам дека 2021, ќе биде година која ќе ни остави убави спомени!

Подготви: Редакција Музика24

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com