Ристо Вртев ексклузивно за Музика 24 после јубилејниот концерт на „Таксират“

Вчера вечер во СЦ „Борис Трајковски“ на отворањето на 22-то издание на фестивалот „Таксират“ свој концерт насловен „30 години љубов“ одржа култниот македонски рок состав „Архангел“. Ристо Вртев фронтменот на „Архангел“ и воедно единствен член од оргиналата постава на групата основана во 1989 година, непосредно по концертот ексклузивно за Музика 24 ги сподели првите впечатоци од концертот.

– „ Јас сум задоволен од ова што се случи. Беше размена на енергија но немаше она што вообичаено го гледаме на рок концерти. Мислам дека прекрасно поминавме. Во оваа директна демократија еве само што излегов од концерт, никој не ми рече лош збор.“

Со песните на „Архангел“ растеше една генерација во 90-тите но и оние родени деценија и повеќе од основањето на „Архангел“ беа во голем број во публиката на вчерашниот концерт. Што ни дава за право да заклучиме дека интересот за „Архангел“ не замира туку напротив сеуште е многу голем насекаде низ земјава. Токму затоа неизбежно прашање за Вртев беше зошто „Архангел“ толку ретко настапува ?

– „Кога траете долго на сцената, се трудите да држите на квалитет. Замислете 30 години, не е едноставно да држите квалитет. Треба услови за да настапите онака како што мислите дека би требало. Не се согласувам со услови кои се помалку од тоа што мислам дека треба. Тоа е причината за ретките настапи. Сигурно тоа не е во мој интерес ниту во интересот на музичарите со кои настапувам.“ – додава Ристо Вртев.

 

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com