Симеон Коруноски: Треба да сме благодарни за шансата што постоиме на овој свет (Фото)

Млад е, симпатичен и девојките се повеќе и повеќе лудуваат по него. Често експриментира во жарновите и песните со кои се појавува на музичките фестивали. Кичево е неговиот роден град, до скоро во Охрид живееше, но го сака и нашето Скопје бидејќи од неодамна е студент на Музичката академија. Симеон Коруноски е момчето кое што за минатата година вели дека неизбежно било да се случи, да не научи да бидеме подобри луѓе од она што некогаш сме биле. Што тој друго одговори за Музика24, прочитајте во продолжение.

Музика24: Што е она по што ќе ја паметите 2020-та година, годината која што е веќе наше минато?

Симеон Коруноски: Верувам дека сите луѓе би имале сличен одговор на ова прашање и сметам дека нашата ситуација не зависи од случката што нам ни се случила, туку од нашата перцепција на истата. Таша што, според мојата перцепција 2020-та година ќе ја паметам како една револуционерна и можеби потребна за нашата свест.

Музика24: Дали има нешто што посебно Ви се случи во текот на 2020-та година и вам Ви остави посебен впечаток?

Симеон Коруноски: Најмногу промени ми се случија во моето поле на градење како индивидуа. Сметам дека станав многу посвесен за се што се случува околу мене и сфатив колку треба да сум благодарен за животот и сите нешта што го сочинуваат.

Музика24: Која е според Вас најслушаната песна за 2020-та година?

Симеон Коруноски: Не знам дали се најслушани, но дефинитивно едни од моите најомилени минатата година се песните на Harry Styles – “Adore you” и “Watermelon Sugar”.

Музика24: Што би си посакале во новата на себе, на своите блиски и најсакани и секако на читателите на единствениот македонски музички портал Музика24?

Симеон Коруноски: Да сме благодарни за шансата што постоиме на овој свет, за можноста да направиме нешто од себе си и сето тоа по можност со многу љубов и уживање и секако многу музика. Да ги цениме и оние најмали работи што ги имаме, затоа што ако ништо друго, оваа година е доказ дека и тие може да ги снема во една секунда.

Подготви: Редакција Музика24

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com