Снежана Ангеловска: Сакам да подарувам, најмалите се секогаш на врвот на листата (Фото)

За неа велат дека е кралица на чоколадите, обожува да готви и создава мали, слатки и вкусни чоколадирани нешта на кој сите се радуваат и сакаат да вкусат, а таа пак, и покрај тоа што ужива во тоа што го работи, никогаш досега не вкусила благо. Ви ја претставуваме дамата која е една од најдобрите, ако не и најдобра за чоколадо, благо и се она што е поврзано со убавото и вкусно задоволство, Снежана Ангеловска. Пресреќна е кога подарува и кога има повод за тоа, а ние едноставно за неа ќе кажеме, вистински пријател, личност која е секогаш позитивна, насмеана, мила и секогаш желна за добра забава и дружење. Што таа одговори на нашите новогодишни прашања, секако, прочитајте во продолжение.

Музика24: Наближуваат Новогодишните и Божиќни празници, како се чувствувате секогаш кога доаѓа овој период од годината? Дали можеби се радувате на целата предновогодишна и празнична адмосфера и еуфорија или пак едноставно сето тоа за Вас се само обични денови кога малку повеќе се одмора, јаде и пие?

Снежана Ангеловска: Новогодишната и Божиќна еуфорија секогаш носат позитивна енергија, насмевки и радост во моето семејство… следат подготовки за украсување на домот, елката, и сите други работи за пречек на Новата година.

Музика24: Дали и после толку години верувате во легендата и приказната дека постои Дедо Мраз?

Снежана Ангеловска: Хахаха… секако дека не, меѓутоа секогаш спремни да ја раскажеме приказната на помалите дечиња за да украдеме нивна насмевка.

Музика24: Сите ние малку или повеќе на некој чуден начин веруваме дека Дедо Мраз ќе ни донесе некаков подарок, односно, она што сме си го посакале. Дали можеби како дете сте оставале празни новогодишни чорапчиња и сте го чекале подарокот од најпосакуваната личност во овој период од годината, дедото со бела брада?

Снежана Ангеловска: Како мала да… пишување писма кои секогаш сме ги оставале под перница, посебно сме биле послушни тој период хахаха и секогаш подарокот бил под елката за Нова година. А сега… хахаха Дедо Мраз некако последниве години ја греши адресата (се смее).

Музика24: Како вообичаено се подготвувате за дочекот на Новата година? Подготвувате специјалитети, сакате да уживате во прошетките со најмилите, купувате подароци за своите дечиња/внучиња?

Снежана Ангеловска: Многуууу чоколада… десерти… новогодишни чоколадни декорациии… сакам да подарувам, најмалите секогаш на врвот на листата се трудам да ги израдувам со чоколадни пакетчиња, пријателите се исто така на мојата листа за новогодишни слатки изненадувања и секако она најважното секогаш наоѓам време да поминам со семејството во тој период без разлика што животот ми е многу динамичен.

Музика24: За дочекот на Новата година секогаш и пред се Вам ви е битно добро друштво, забава и музика… или пак онака домаќински во опуштена адмосфера со малку повеќе храна, пиење, шала, смеа и потоа секако некој добар новогодишен филм?

Снежана Ангеловска: Секогаш различно, но морам да признаам дека најсреќна сум кога сум дома.

Музика24: Како и на кој начин ги изненадувате Вашите сакани за Новогодишните празници? Кој е подарокот кој што вообичаено сакате да го подарите, и што е она што Вам би Ве изненадило како подарок?

Снежана Ангеловска: Со добра трпеза… традиционалната чоколадна торта. За подароците секогаш се трудам да бидам иновативна и да подарокот биде персонализиран да остане за спомен, а што се однесува за подарокот за мене со оглед на тоа дека на 1-ви јануари ми е роденден секоја година сум роденски пријатно изненадена затоа што јас умеам да се радувам на се што е искрено и од срце подарено.

Музика24: Што всушност за Вас претставува сета таа празнична предновогодишна еуфорија, дочекот на Новата година и сите оние мали и поголеми случувања поврзани со овие празници?

Снежана Ангеловска: Време за поинакво секојдневие исполнето со радост. Самите новогодишни украси… сијалички… новогодишни инвенти… ве прават да се чуствувате еуфорично.

Музика24: Како, каде и на кој начин ќе ја испратите 2019-та, а ќе ја дочекате Новата 2020-та година?

Снежана Ангеловска: Би сакала да биде тоа во кругот на семејството, би сакала хахаха.

Музика24: Кој е според Вас настанот од областа на музиката кој што ја одбележи 2019-та која што пополека си заминува?

Снежана Ангеловска: За мене Евровизијата и концертот на Брајан Адамс.

Музика24: А кој е пак според Вас хит песната која што на некој начин ја одбележа 2019-та година и видео спотот кој што Вам Ви остави најголем впечаток изминатата година?

Снежана Ангеловска: “Shallow” од Lady Gaga ft Bradley Cooper

Музика24: Веќе сме на прагот на една нова и се надеваме и веруваме поуспешна и поубава година за сите нас. Кои се Вашите планови, замисли и идеи за Новата 2020-та година? Што би сакале да Ви се случи, оствари и реализира на приватно и професионално поле?

Снежана Ангеловска: Јас лично сметам дека е неблагодарно да посакувам нешто многу сем многу здравје на мене, моето семејство и сите они кои ги сакам и почитувам. Би сакала да изработам уште многу нови чоколадни креации… успешни хуманитарни инвенти и многу насмеани и безгрижни детски лица.

Музика24: И како за крај на ова наше новогодишно интервју, што од срце би им посакале на Вашите фанови, подржувачи, како и  како и читатели на музичкиот портал Музика24?

Снежана Ангеловска: Да имаат многу здравје и сите желби да им станат реалност и секако да продолжат да ги јадат моите чоколадни десерти и како и до сега да уживаат во нив хахаха (се смее). Мастер Шеф Снежана Ангеловска или како што Вие новинарите умеете да ме наречете Кралицата на чоколадото хахаха.

Интервјуто го подготви: Иван Јосимовски

Повеќе на Музика24...