24 Култура

На 22-ри октомври на сцената на МОБ балетската претстава “Дамата со камелии”

Во вторник, 22-ри октомври со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведена раскошната балетската претстава "Дамата со камелии", на музика од Џузепе Верди. "Дамата со камелии" е балетска продукција која наиде на одличен одзив кај публиката и беше оценета со позитивна критика. Својата премиера ја имаше на 31.10.2014 година. Работена по музиката на Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна "Травијата". Кореографијата е на еден од водечките руски кореографи Василиј…

Концерт на Македонска филхармонијата со дела од Дебиси, Копланд и Коларовски

Kонцерт под наслов "Ќе се разбудам ли пак", на кој ќе бидат изведени дела од Дебиси, Копланд и од Коларовски, ќе одржи Македонска филхармонија утревечер, со почеток во 20 часот. Концертот го носи името на вокалниот циклус на Гоце Коларовски (1959-2006), чија "Симфонија" ќе биде дел од програмата, а со нејзината изведба Македонска филхармонија ќе одбележи 60 години од раѓањето на овој значен македонски композитор. "Музичкиот опус на Коларовски е автентичен и препознатлив и во него доминира суптилен израз, кој вешто ротира…

“Кавалерија рустикана” на 15-ти октомври на сцената на МОБ

На 15-ти октомври во Македонска опера и балет со почеток во 20 часот, публиката ќе може да ужива во приказната за љубовниот триаголник, за традицијата која се испречува помеѓу страста и љубовта, омразата и одмаздата. Се работи за "Кавалерија рустикана". Улогите ги толкуваат солистите: Сантуца: Весна Ѓиновска Илкова, Туриду: Ѓорѓи Цуцковски, Алфио: Борис Трајанов, Лола: Николина Јаневска, Мајка Лучија: Соња Пендовска Мадевска.

Детскиот бродвејски мјузикл “Ени Јуниор” ќе гостува во Битола (Фото)

Првиот лиценциран бродвејски мјузикл за деца и младинци "Ени Јуниор" ќе гостува во Битола. Гостувањето е во склоп 9-то издание на Интернационалниот детски театарски фестивал "Битолино". Мјузиклот ќе се одигра на 6-ти октомври со почеток во 17 часот во НУ "Центар за култура" - Битола. Влезот е слободен. Се работи за проект на Здружението за инклузивно и неформално образование "Крео-Аксис", што се спроведе под водство на Наташа Лалчевска, музички педагог и хорски диргент. Учесниците во мјузиклот се на возраст од осум до…

Стартува новата сезона во Македонската опера и балет

Со премиера на две балетски едночинки - "Валпургиска ноќ" на Шарл Гуно и "Кармен" на Жорж Бизе, в сабота со почеток од 20 часот ќе биде отворена новата сезона на Балетот при МОБ. Во годината во која Македонската опера и балет одбележува 70 години постоење, директорката Олга Панго одлучи на сцената да го постави балетот "Валпургиска Ноќ", токму затоа што со ова дело од операта Фауст на Шарл Гуно, во 1949 година, во кореографија на Ѓорги Македонски , а под диригентската палка на Трајко Прокопиев започнува развојот на…

Во Битола почнува фестивалот на класична музика “Интерфест“

Битола, градот на клавирите од 2-ри до 11-ти октомври ќе биде домаќин на 28-то издание на интернационалниот фестивал на класична музика “Интерфест“. Интернационалниот фестивал на класична музика “Интерфест“ кој традиционално се одржува од 02-12 октомври е основан во 1992 година. Иницијатор, основач и негов прв директор е Милица Шперовиќ-Рибарски, пијанист и професор на ФМУ Скопје. Соосновачи се: Кирил Рибарски, македонски тромбонист со светско реноме и Благој Стефановски, директор на Народен театар Битола. Овогодинешното…

Со балетот во два чина “Ана Каренина” започнува новата сезона во МОБ

Најгледаната балетската претстава за сезона 2018/19, балет во два чина "Ана Каренина" со одбрана музика од рускиот великан Петар Илич Чајковски на сцената на Македонската опера и балет на 19-ти септември (четврток), со почеток во 20.00 часот. Преку современите кореографски решенија сoединети со класичен балет на Лео Мујиќ од Хрватска, минималистичка, но ефектна сценографија, прекрасните костими на Александар Ношпал, ќе видиме едно интересно визуелно, динамично и полно со страст балетско видување на познатиот роман "Ана…

Прашката филхармонија ја стартува новата концертна сезона со Симон Трпчески

На македонскиот пијанист Симон Трпчески му падна честа вечерва да ја отвори новата концертна сезона на Прашката филхармонија. На свечениот концерт пред пробирливата прашка публика во салата Сметана во Градскиот дом тој ќе го свири Концертот за клавир бр.5 наречен "Империјал" од Лудвиг Ван Бетовен, под диригентство на Емануел Вилауме, познат шефдиригент на Прашката филхармонија. На програмата е и Третата симфонија во д-мол на Антон Брукнер, посветен на Ричард Вагнер. Концертот на Трпчески се најавува како настап на…

Македонска филхармонија започна со продажба на влезниците за новата концертна сезона

И оваа година нашите соработници од Македонската филхармонија Ве известуваат за начинот на продажба на влезниците за новата концертна сезона 2019/2020 година. Тие велат дека веќе од вчера 9-ти септември се пуштени влезниците за свеченото отворање на концертната сезона. Како и во изминатите години, и оваа Македонската филхармонија ги нуди следните пакети: Промотивна сезонска блок влезница, во која влегуваат сите концерти кои се дел од програмата во периодот септември 2019 - јуни 2020 година, вклучувајќи и неколку…

Филмот “Километар во туѓи чевли”, награден на интернационалниот фестивал “Профест”

Во конкуренција од 167 авторски трудови од 14 подунавски земји, филмот на авторката Кристина Алексиеска "Километар во туѓи чевли" во продукција на Телевизија морис, викендов беше награден со специјално признание за посебен квалитет на авторскиот труд на 10-от по ред јубилеен меѓународен фестивал "Профест".Оваа година темата на фестивалот кој се одржа во Бачка Топола, во областа Панонија Р.Србија, беше "Убавината на различностите". Фестивалот на авторски филм од земјите од подунавскиот регион "Профест" е во организација на…