24 Култура

Возбудливото “Ана Кап трио” во Камерната сала на Македонска филхармонија

Неконевенционалниот музички состав од Франција "Ана Кап трио" во сабота на 15-ти февруари со почеток во 20 часот во Камерната сала на Македонска филхармонија премиерно пред македонската публика ќе го претстави своето возбуливо "Траума шоу". Во ова трио свират Пјер Миле - труба, Мануел Декок - виолина и Жан Мишел Трото - хармоника. Во ова лудо и поетско шоу, "Ана Кап" триото свири, пее, танцува и "распарчува" и ништо не е оставено на случајноста. Слушаме наизменични трогателни и хумористични моменти, со прецизност на…

Концерт “Вокален дует” ќе се одржи во понеделник во Македонска филхармонија

Концерт "Вокален дует" ќе се одржи на 10-ти февруари (понеделник) во камерната сала на Македонската филхармонија со почеток во 20 часот. Настапуваат: Суат Арикан - бас-баритон (Турција), Шебнем Аридаг Кишлали - сопран (Турција) и Џан Окан - пијано (Турција). Програма: Ј. С. Бах: Добро темпериран клавир, Книга 1, Прелудиум и фуга бр. 1 – Џан Окан Г. Ф. Хендл: „Ombra mai fu“ - арија од операта „Ксерксес“ – Суат Арикан Г. Ф. Хендл: „ Piangero la sorte mia“ –арија од операта „Јулие Цезар“ - Шебнем Агридаг Кишлали…

Амбасадорот на Словенија ќе промовира своја поезија во Скопје

Амбасадорот на Република Словенија во Република Северна Македонија, Н.Е. Милан Јабец ќе промовира на колекција на преводи на поезија „Сјајна ѕвезда со лавовска грива“. Промоцијата ќе се одржи на 10 февруари (понеделник) во книжарницата Матица Македонска од 19 часот. Амбасадорот Јабец покрај амбасадор е професор и писател. Тој со помош на македонските пријатели подготви уникатен и прв од ваков тип на овие простори - превод на негова поезија на 7 јазици кои се говорат во Северна Македонија.  „Сјајна ѕвезда со лавовска…

Речиси распродадени билетите за детскиот концерт и за концертот “Бакнеж и танго”

Речиси се распродадени билетите за престојните два концерти на оркестарот на Филхармонија. Првиот е "Штурецот и мравката" наменет за најмладите кој ќе се одржи на 8-ми февруари (сабота) во 12 часот. Станува збор за уште еден, премиерен детски концерт кој Македонската филхармонија го реализира во соработка со НЛБ. Диригент е Елена Митревска, аниматор е Мартин Јорданоски, а на програмата се дела од Монти, Пахелбел, Штраус, Бернштајн, Сен-Санс, Елгар, Моцарт... Вториот концерт за кој се останати уште малку билети е љубовниот…

МОБ ви го најавува еден од бисерите на балетската уметност “Есмералда” на 31-ви јануари и 4-ти февруари (Фото)

Македонската опера и балет Ви го најавува еден од бисерите на балетската уметност "Есмералда" - Чезаре Пуњи, овој пат со две изведби на 31-ви јануари и 4-ти февруари со почеток во 20 часот. Приказната за убавата Есмералда, инспирирана од романот "Ѕвонарот на Богородичната црква" од Виктор Иго, кај нас ќе ја пренесе реномираниот кореограф од Русија, Михаил Крапивин, сценографијата е на Живојин Трајановиќ, додека костимограф е Љупка Ристовска. Во главните улоги настапуваат: Марија Кичевска Шокаровска (31.1), Васил…

Концерт „Виолински класици“ во Филхармонија

„Виолински класици“ е насловен концертот на оркестарот на Филхармонија кој ќе се одржи в четврток во 20 часот. Како солист ќе настапи виолинистот Александар Димчевски, а диригент е Румон Гамба од Велика Британија. На програмата се увертирата „Земја на планина и поплава“ од Хамиш Меккан, Концертот за виолина и оркестар од Макс Брух и Симфонијата број 7 од Антонин Дворжак. Британскиот диригент Румон Гамба, во својата досегашна кариера, бил на неколку значајни позиција, меѓу нив и шеф-диригент и музички директор на Шведската…

“Самоглас” – прва платформа со аудио книги на македонски јазик

Со желба за промоција на културолошкиот и едукативниот раст во државата, "Самоглас" е првата платформа за пласирање на аудио книги на македонски јазик. Во соработка со издавачката куќа "Херои", поддржана од "Икона", на неа веќе може да се слушаат неколку книги на македонски јазик меѓу кои "Малиот принц", "Ромео и Јулија", "Животинска фарма" и "Дневникот на Ана Франк", а активно се работи на дополнување со содржини, јавува Радио МОФ. Платформата претставува веб апликација за пристап до аудиотеката (аудио библиотека) која е…

Ќе се промовира документарно видео за доајенот на македонската народна музика Благоја Дескоски

На 24 јануари (петок) 2020 година, со почеток во 12 часот, во Малата концертна сала на Факултетот за музичка уметност во Скопје ќе започне одбележувањето на 20-годишнината на архивот БузАр 2000–2020 (Архив Бужаровски) на кое премиерно ќе биде прикажано документарното видео за доајенот на македонската народна музика, виолинистот, аранжер и композитор Благоја Дескоски. На сајтот buzar.mk може да се проледат кратки инсерти од видеата. Архивот БузАр претставува еден од најголемите дигитални архиви за македонското и…

Концерт “Ѕвездена музика” овој четврток во Македонска филхармонија

"Ѕвездена музика" е насловен концертот на оркестарот на Македонска филхармонија кој ќе се одржи в четврток со почеток во 20 часот. На програмата е инспиративната компилација на едно од најзначајните дела во историјата на музиката - "Прстенот" на Рихард Вагнер, како и впечатливиот концерт за тромбон и оркестар "Старгејзер" од Џонатан Дав. Диригент е Тимоти Редмонд, а солист Питер Мур од Велика Британија. Тромбонистот Питер Мур на 12 години, во 2008 година, стана најмладиот победник на натпреварот за млади музички уметници…

Во петок во МОБ оперската претстава “Евгениј Онегин”

Оперската претстава "Евгениј Онегин" ќе биде изведена в петок, 24-ти јануари, во Македонската опера и балет, со почеток во 20 часот. Операта е жестока претстава за љубовта и страдањето. Eпска димензија на вечната потрага по љубовта, но и на вечниот круг на страдањето на Онегин, Татјана, Олга и Ленски… Работена е според поемата на најголемиот руски поет и основач на модерната руска литература Александар С. Пушкин и музика од Петар Илич Чајковски, во режија на Дејан Пројковски, сценографијата е на Валентин Светозарев,…