24 Култура

Во петок во МОБ оперската претстава “Евгениј Онегин”

Оперската претстава "Евгениј Онегин" ќе биде изведена в петок, 24-ти јануари, во Македонската опера и балет, со почеток во 20 часот. Операта е жестока претстава за љубовта и страдањето. Eпска димензија на вечната потрага по љубовта, но и на вечниот круг на страдањето на Онегин, Татјана, Олга и Ленски… Работена е според поемата на најголемиот руски поет и основач на модерната руска литература Александар С. Пушкин и музика од Петар Илич Чајковски, во режија на Дејан Пројковски, сценографијата е на Валентин Светозарев,…

МОБ и оваа година ви го претставува традиционалниот концерт по повод празникот “Василица”

И оваа година традиционално како и секоја година досега, Македонската опера и балет ќе ја започне со традиционалниот гала концерт по повод празникот "Василица", односно, 12-ти и 13-ти јануари со концертот насловен "Legends". Оваа година Македонската опера и балет со овој спектакуларен концерт на публиката ќе и приреди вистинско и незаборавно уживање со изборот на песни од најдобрите музички поп легенди, во целосно нови симфониски аранжмани. На овој концерт ќе настапат солисти, оркестарот и хорот на Македонската опера и…

Македонската дива Ана Дурловски со овации поздравена од германската публика (Фото)

Со 5 минутни овации 1500-тната публика ја поздрави македонската оперска дива Ана Дурловски која беше главна ѕвезда на новогодишниот концерт на минхенскиот радиски оркестар. Во престижната концертна сала "Herkulessaal", таа изведе познати оперски арии под диригентската палка на Иван Репушиќ. Ана Дурловски, од страна на германското BR радио беше најавена како "македонската дива и еден од најзначајните солисти на штутгардската опера". Концертот беше пренесуван во живо на веб страницата на германското радио.…

Џијан Емин со фантастичен настап во Нови Сад со проектот “La Vie En Rose” (Фото)

Македонскиот диригент и композитор Џијан Емин, на 22-ри декември настапи во Нови Сад, во салата на "Српско народно позориште" заедно со Војвоџански симфониски оркестар, на концертот под наслов "La Vie En Rose". Џијан Емин беше диригент на овој проект кој на македонската публика и е познат под името "Париз те сакам" и кој се изведе во Скопје заедно со Македонска филхармонија на концертот по повод Денот на вљубените пред две години. Овој пат повторно солистка беше врвната вокалистка Миртил Мишелер од Унгарија, а и се…

“Слушни! Доаѓа Новата…”

Ансамблот "Јаношка" од Австрија ќе настапи со оркестарот на Македонската филхармонија в петок во 20 часот на гала новогодишниот концерт "Слушни! Доаѓа Новата…". Со оркестарот ќе диригира маестро Борјан Цанев. Музиката која ја создаваат тројцата браќа од Братислава - Ондреј, Франтишек и Роман Јаношка и нивниот роднина Џулиус Дарвас претставува колоритен контраст на нивната класична наобразба со музиката од другите жанрови - од џез и латино, до поп музика. Крајниот резултат не е само микс од стилови, туку креативна синтеза…

Новогодишен концерт за деца во Македонска филхармонија

Оркестарот на Македонската филхармонија в сабота во 12 часот ќе го одржи традиционалниот Новогодишен концерт за деца. Концертот е насловен "Замисли желба", а приказната ја следи нарацијата која ја сугерира насловот - новогодишните желби кои секое дете си ги посакува на крајот од годината. Поентата и мотивот во приказната се дека не треба да се фокусираме на материјалното, дека требаме бидеме хумани и да им помагаме на луѓето. Низ приказната ќе ги води наратор - актерот Мартин Јорданоски. На програмата се познатите…

Новогодишен концерт на Академскиот хор “Мирче Ацев” во Делчево

Во рамки на новогодишната културна понуда во Делчево настапија доајените на македонското хорско пеење Академскиот хор "Мирче Ацев". Хорот кој е дел од Академското културно уметничко друштво при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј"-Скопје постои од основањето на здружението во 1949 година и од тогаш до денес како што истакна уметничкиот директор Благоја Јовановски, хорот опстојува одржувајќи многубројни успешни настапи и освојувајќи голем број награди на фестивали низ целиот свет. "Седумдесет години е голем период…

“Охридско лето” ја носи куклената претстава “Тоби” за најмладата публика во Охрид (Фото)

Во организација на Националната установа "Охридско лето", во вторник, на 17-ти декември со почеток во 12 часот, Театарот за деца и младинци од Скопје ќе ја одигра детската куклена претстава "Тоби" од авторот Флоријан Зденек. Претставата наменета за најмладата театарска публика режирана од Драгослав Тодоровиќ го доловува ликот на јазовичарот Тоби кој го минува патот на спознавање на една голема вистина. "Постои нешто, особено кај младите, што изгледа како непремостива препрека, никако не сте задоволни од сопствениот…

Со гала концерт и изложба Македонскиот балет прославува јубилеј 70 години

"Приказната што почна во 1949-та година, треба да ја негуваме, восприемаме и воздигнуваме секогаш на повисокиот пиедестал во општеството", велат во Македонскиот балет, што го прославува континуитетот на седумте децении основање. "Валпургиска ноќ" и "Кармен" ја одбележаа годината што изминува. Грижливо избрани за големиот јубилеј, претставите се приспособени на модерните времиња, во ново руво, со современа нота, поинаку од досега сработеното. Јубилејот на Македонскиот балет на 14-ти декември ќе биде крунисан со гала…

Концерт на виолистот Блерим Груби утре во Македонската филхармонија

Истакнатиот македонски виолист Блерим Груби, утревечер во 20 часот ќе одржи концерт во Камерната сала на Македонската филхармонија со кој ќе одбележи триесет години уметничка дејност. На програмата се дела од Бах, Шостакович, Шуберт, Бекири, Зографски, Брамс... На концертот ќе настапат и виолистите Лирдина Кукај, Ентела Чаркаџија, Алкеста Глоџани - студенти од универзитетот во Приштина "Хасан Приштина" во класата на проф. Блерим Груби. Покрај студентите на Груби, ќе настапат и пијанистите Валтон Бекири, Марија Вршкова и…