24 Ексклузивно

Ексклузивно: Во октомври нов албум и концерт посветени на Тоше Проески

Како што дознава музичкиот портал Музика24, албумот со необјавени песни од Тоше Проески, "Secret place", ќе се промовира на 13-ти октомври. Албумот е изработен во студиото на англискиот продуцент Енди Рајт и на него се наоѓаат седум нови песни и три обработки на познати хитови. Истиот ден во арената "Борис Трајковски" во Скопје ќе се одржи голем концерт во чест на Тоше. На концертот ќе бидат промовирани песните од новиот албум, а предвидено е македонски и балкански ѕвезди да ги пејат неговите хитови. Тоше Проески, нашата…

Верувале или не, Бијонсе купи црква?!

Изминатата недела Бијонсе купи црква во Њу Орлеанс, Лос Анџелес. Станува збор за црква од над 100 години, која некое време не била користена како црква, но била ставена на продажба за 850.000 долари, кои најбогатата жена во музичката индустрија ги издвоила без проблем. Црквата се наоѓа во квартот Garden, нејзината површина е околу 1600 квадратни метри, а во нејзина близина е снимен видео записот за песната "Lemonade". Сестрата на Бијонсе, Соланж живее во близина, а за што познатата пејачка ќе ја користи оваа црква не е…

ЕКСКЛУЗИВНО: Нина Бадриќ на 9 јуни ќе одржи концерт во Скопје

Популарната хрватска пејачка Нина Бадриќ при неодамнешната посета на Скопје најави свој солистички концерт во главниот град. Бадриќ која допатува во Скопје за да гостува во  емисијата „Вечер со Тијана“  најави дека ќе одржи концерт на 9 јуни во Македонската филхармонија. https://www.instagram.com/p/BioY1z9DFVq/?taken-by=tijana.dapcevic Се очекува наскоро да се објават повеќе детали од организаторот. Следете го специјализираниот македонски музички портал Музика 24 за повеќе информации. Подготви: Филип Етмишовски

Ексклузивно: “Санта Есмералда” доаѓа на “Охрид фест 2018”

Годинава фестивалот "Охрид фест" полни 25 години, и ќе се одржи од 5-ти до 7-ми септември на летна сцена пред хотелот "Ривиера" во Охрид. Програмата ќе биде сочинета од Фолк вечер, Поп вечер и Интернационална вечер, годинава со одредени новости во програмата. Ексклузивните гости годинава "Санта Есмералда" ќе гостува во Интернационалната вечер со свое шоу. Оваа позната американско/француска диско група е формирана во 1970-тите, а најпозната е по хит диско римејкот на песна од 1960-тите "Don't Let Me Be Misunderstood" и "House…

Боки 13 ја купи Томато продукција?!

Бојан Јовановски познат како Боки 13, неодамна ја купил "Томато продукција", дознава музичкиот портал Музика24. Веќе на големо се зборува за ова, но и дека станува збор за превземање на целиот простор кој до предходно беше на продукцијата, и дека од сега ќе биде за сосема поинакви цели. Се зборува дека се подготвува и ново студио, за потребите наменети за новиот концепт на некогашното "Томато". Дали Боки 13 повторно ќе го видиме во улога на тв водител на ново или веќе познато тв шоу, тоа наскоро ќе го дознаеме. Предходно…

Утре во “DejaVu” балканската мега сензација Сека Алексиќ (Видео)

И овој пат, како и секогаш досега, најдобриот од најдобрите кафулиња "DejaVu" со голема AFTERWORK забава. Предновогодишното лудило напаѓа со се поголем интензитет. И овој пат "DejaVu" се погрижи и овој викенд да биде еден од вашите најдобри со најдобрата AFTERWORK забава во градот. Балканската мега сензација Сека Алексиќ е тука само за вас. https://www.facebook.com/DejaVu.CapitolMall/videos/1962934990627116/?hc_ref=ARQYoBPC3Q85UfWrXcrty82csQYRODBO4gICgexhqakY6LOXuX-2Lii3L7YIhfRO4M0 Дами и Господа, Незаборавајте,…

Симеон Коруноски за Музика24: Наскоро излегува и мојата трета песна

Младиот симпатичен, талентиран, насмеан и секогаш позитивен Симеон Коруноски ексклузивно за нашиот музички портал Музика24 откри дека веќе се подготвува неговата трета песна која што исто така ќе биде балада, бидејќи како што и самиот рече тој е голем емотивец. Неговите две претходни песни "Гушни ме" и "Најмила" кои веќе се хитови и се вртат по радиостаниците низ Македонија за жал нема да добијат видео спотови, но затоа пак за најновата песна "Ајде јави се" дело на холандскиот композитор Касандер, ќе се екранизира и преточи…

Лепа Брена ужива во убавините на Охрид (Видео)

Познатата балканска фолк пејачка Лепа Брена е веќе во Охрид. Како што во неколку наврати пишувавме, таа утре 29-ти јули ќе има свој голем концерт на плажата "Градиште 2", но во меѓувреме додека дојде моментот за големиот концерт, Брена секоја слободна минута ја користи за да го прошета и лично да ги види и доживее убавините на нашиот преубав Охрид. Таа со својата екипа моментално се наоѓа на изворите на Свети Наум, а како тоа визуелно изгледа, погледнете во продолжение.…

Ексклузивно: Новиот албум на “Суперхикс” излегува утре (Фото)

Познатата македонска рок-поп група "Суперхикс" го објавува својот нов албум насловен "Underground Evergreens" кој групата официјално ќе го претстави утре, петок, 3-ти март. Промоцијата е отворена за сите фанови на "Суперхикс", а ќе се одржи во просториите на музичката продавница Југотон (ГТЦ, 1 кат) со почеток во 13 часот. Албумот е сниман, миксуван и мастериран од страна на Мите Димовски, "Тра Ла Ла Студио" - Скопје, а еден мал дел е сниман и во студиото на Ивица Јанкуловски. Дел од композициите се реализирани и со…

Ексклузивно: Масимо Савиќ со нов албум напролет (Видео)

Како што дознава Специјализираниот македонски музички портал Музика24, познатиот балкански пејач Масимо Савиќ кој веќе има закажано два концерта во Скопје кон средината на месец фебруари, напролет ќе го издава својот нов студиски албум. Тој во интервју за хрватски медиум изјави: "Секој мој концерт е поинаков. Оние кои доаѓаат на моите концерти не доаѓаат случајно, мојата публика не е случајна публика, точно се знае зошто луѓето доаѓаат на моите концерти. Така да оние кои повеќе пати биле на моите досегашни концерти знаат…