24 Ексклузивно

Ексклузивно: Тамара Тодевска донесе на свет здраво женско бебе

Уште една интересна и убава вест, како што се и празниците кои ни следат. Како што дознава Специјализираниот македонски музички портал Музика24, пред само некоја минута нашата позната македонска поп пејачка Тамара Тодевска на свет донесе здраво женско бебе кое што е тешко 2,980 кг и долго 49 сантиметри. Таа своето породување го имаше во една од најдобрите македонски клинички приватни болници Аџибадем Систина. Редакцијата на Музика24 и посакува многу здравје и убави празнични денови како на младата мајка, така и на штотуку…

Балканската фолк пејачка Драгана Мирковиќ со голем концерт во Софија (Видео)

Мега популарната Драгана Мирковиќ на 16-ти декември најави голем спектакуларен солистички концерт во арената Армеец во Софија, соседна Бугарија. По тој повод, таа комплетира сосема нова супер група која што ќе биде составена од најдобрите српски музичари и тоа специјално за концертот во Софија. Нашите соработници од продуценската куќа Moko Solution, не известуваат дека билетите кои што во секое време можете да ги купите on line, се продаваат по цена од 20 до 50 лева. Доколку сте голем фан на познатата фолк пејачка и…

Светски познатиот Брајан Адамс со концерт во Софија

Една од најголемите светски ѕвезди во историјата на музиката и со над 30- годишна кариера и голем број на хитови зад себе, секогаш на врвот од топ листите, Брајан Адамс кој го паметиме по неколкуте легендарни балади, доаѓа во соседна Бугарија, со голем спектакуларен концерт во Софија. Нашите соработници од бугарската продукција Moko Solution не известуваат дека билетите за овој голем концерт се веќе пуштени во продажбаи истите чинат од 60 до 120 лева кои можете во секое време да ги купите и online, а истиот ќе се одржи…

Ексклузивно: Душко Георгиевски со емотивен концерт пред македонската публика

Специјализираниот македонски музички портал Музика24 ексклузвно дознава дека познатиот македонски фолк изведувач Душко Геогриевски на 26-ти февруари во киното "Фросина" при Младинскиот Културен Центар во Скопје, ќе одржи емотивен и интемен концерт за публиката која вистински ја цени, почитува и вреднува неговата досегашна работа и музичка кариера. "Свири ми свири виолино" е насловен овој концерт според истоимената песна со која Георгиевски победи на минатогодиното издание на фолк фестивалот "Валандово 2015". Изведени ќе…

Каде отидоа убавите времиња?

Музичкиот и моден менаџер Милорад Цаиќ Цајо, познат по бројните урбани журки кои ги има направено во Скопје, размислува гласно дека некогаш урбаниот живот бил далеку, далеку подобар. Споредува дека некогаш се живеело без виртуелните придобивки на современиот живот, но поквалитетно. Со поиканов дневен ритам, и исполнетост. Еве што вели тој: "И што правам сега? Дремам на Facebook, а порано ова време веќе бев организиран каде ќе одам вечерва! Се одродив од фамилијата од другарите, пријателите и сите од градот. Што убаво ми…

24 Ексклузивно: Група Фонтана со солистички концерт и ексклузивни гости

Специјализираниот македонски музички портал Музика24, ексклузивно дознава и Ве информира дека на 5-ти декември со почеток во 20 часот во големата сала на Центарот за култура во Битола ќе се одржи солистички концерт на македонската музичка група "Фонтана" од Битола насловен "Од нашата душа". Како што дознаваме, на овој концерт ќе биде претставен и промовиран сосема нов музички материјал кој се темели врз нашата традиција, староградска народна музика. На огромно задоволство на сите нас, специјална гостинка на групата…

Успешно заврши и второто издание на младинскиот музички фестивал “Cover fest”

Во петокот на 6-ти ноември, во големата сала на Центарот за култура "Марко Цепенков" во Прилеп се одржа второто издание на младинскиот музички фестивал "Cover fest". И оваа година, како и минатата, фестивалот доби двоен победник, односно мислењето на стручната жири комисија и на присутните во публиката беше идентично. Двете први места сосема заслужено ги освои Доротеа Дамјановска со прекрасната изведба на песната "If I aint got you" од Alicia Keys. Според правилата на фестивалот, Доротеа ќе сними авторска песна и еден…

24 Ексклузивно: Снимен е видео спот за последната песна на Кемал Монтено

Баладата "Откако те немам" е последната песна која Кемал Монтено ја снимил пред година дена. Се работи за дует со тенорот Макс Хозиќ, но тогаш никој не можел ни да претпостави дека тоа е последната песна во кариерата на легендарниот кантавтор. Во знак на сеќавање на пејачот, композиторот и текстописецот, пред неколку денови објавен е и спотот за оваа песна. Ексклузивно, во продолжение погледнете го на нашиот музички портал. https://youtu.be/-dhNHRjT9fo Подготви: Редакција на Музика24

Ексклузивно: Сергеј Четковиќ шестиот албум го снима во Скопје (Фото)

Познатиот српски поп пејач Сергеј Четковиќ кој сите го паметиме и препознаваме по одличните балади, моментално се наоѓа во Скопје каде што го подготвува својот шестти албум. Поточно, тој се наоѓа во студиото на нашиот македонски познат продуцент, аранжер и музичар Дарко Димитров, кој зад себе има познати македонски и балкански проекти. Димиторов е продуцент и на новиот шести албум на Четковиќ кој работи на новите композиции кои веруваме дека ќе бидат далеку послушани и попознати од оние кои што досега ги знаеме. За тоа…

Ексклузивно: Саша Ковачевиќ со перфектно совршен концерт во “Кадмо” – Охрид

Како и секогаш досега, така и вчеравечер познатиот сладок и премногу посакуван српски поп пејач Саша Ковачевиќ оддржи одличен концерт за сите оние кои моментално летуваат и се забавуваат во најубавиот македонски туристички центар, преубавиот Охрид. Ковачевиќ настапи во летната дискотека "Кадмо", која што верувале или не беше навистина преполна. Познатите хитови кои овој пејач ги пее "Случајно", "Ноч до подне", "Лапсус", "Браним", "Како после нас", "Могли смо све"... и многу други, заедно со публиката едноставно ечеше и…