Започна предпродажбата на екслузивните винили по повод 40 години од Новиот бран
Како што беше најавено, Кроација рекордс започна со нарачки за винили преку својата веб-продавница како дел од прославата на 40 години од Новиот бран. Засега се достапни претходни нарачки на Пакет аранжманот од единствениот албум на „Шарло акробата“ (Bistriji ili tuplji čovek biva kad...) и првиот воедно истоимен албум на „Електричен оргазам“. Цената на секој винил е 149 куни, а во официјална продажба ќе се најде од 22-ри јануари. За клиенти од Србија, пред-нарачки ќе бидат можни и на веб-продавницата Југотон-Кроација…