Covers

24 Covers: Поп арт Бенд – “Ноќна кралица” (Ерзана)

Веројатно многумина од вас се сеќаваат на некогаш многу познатата македонска поп пејачка Ерзана. Таа својата слава ја достигна со своите познати и препознатливи хитови во 90-те години од минатиот век. После две децении од постоењето на еден од најголемите македонски поп хитови, песната "Ноќна кралица", Поп арт Бенд го преработија и на свој начин снимија ковер за оваа песна. Моника Јанков - Малиша со својот вокал едноставно плени и овој ковер ќе сакате да го исклушате и погледнете до самиот крај, а освен Моника во состав на…

Александра Јанева со изведба на “US” од James Bay и Аlicia Keys (Видео)

Пред неколку дена на социјалните мрежи поп-пејачката Александра Јанева го објави третото #summerjam видео. Овојпат станува збор за преработка на емотивната Us на гитаристот и автор James Bay. Во мај 2018, за време на шоуто "The Voice James Bay" ја изведе песната заедно со Alicia Keys. Токму таа машко-женска верзија е инспирација за преработката со 2Be. "Омилени предизвици ми се преработки на светски хитови отпеани од толку инспиративни артисти како James Bay и Alicia Keys. А кога Љупче е совршениот James Bay, нема…

“Македонско девојче” во изведба на шпански оркестар во Минхен (Видео)

Македонската песна "Македонско девојче" како еден од најпрепознатливиот симбол за нашата земја, ечеше среде Минхен. Оркестарот "Barcelona Gipsy Balkan Orchestra" во април направија промоција на нивниот најнов албум насловен како "Avo Kanto" низ цела Германија. Изненадувачи е што овој бенд за време на нивниот настап во Минхен, ја извеле најпозната македонска песна "Македонско девојче". Според видеото кое ќе имате можност да го видите подолу може да забележите како публиката реагира на оваа песна. Оркестарот во кој…

Антонио Пејоски сними емотивен кавер за “Једра” од Саша Ковачевиќ (Видео)

Младиот, симпатичен, талентиран и веќе докажан Антонио Пејоски, за кој досега во многу наврати пишувавме, покрај многубројните настапи и ноќни забави за кој е ангажиран, најде време да сними и преку Музика24 да го презентираме и промовираме неговиот најнов кавер за баладата "Једра" од Саша Ковачевиќ. Како што вели Антонио за нашиот музички портал, песната е снимена и продуцирана во К-Тим продукција од Скопје, поточно, од познатиот музичар и продуцент Славиша Киброски со кој веќе долги години соработува. Што се однесува до…

“Театро бенд” снимија кавер за “Малечка” од Тоше (Видео)

Музичкиот состав "Театро бенд" ја претстави својата преработка на песната "Малечка" од Тоше Проески, а со неа ја најавуваат првата студиска песна која јавноста ќе може да ја слушне многу наскоро. Новиот аранжман на "Малечка" го направи Маријан Стојменов - Ѕика, додека видеото се снимаше во Буре Бар во Кочани, по идеја на Димитар Апостолов. Освен снимањето на новата песна, момците од "Театро бенд" периодов се ангажирани со настапи во клубовите и локалите ширум целата земја. https://www.youtube.com/watch?v=cPdVfXqCuoI…