Covers

Филип Василевски ја препеа хитовската “Сонце не ме грее” (Видео)

Неодамна пишувавме за ова младо и веќе докажано момче, овој одличен глас и пејач за кој што допрва ќе се слуша. По неговиот настап во "Ѕвездите на Гранд" и неговото симпатично и интересно трамаџиско пеење со кое што влезе во вториот круг, каде негов ментор ќе е препознатливата Марија Шерифовиќ, Филип продолжува да ги изненадува своите фанови, како и сите останати кои го следат од Македонија и Балканот. Тој заедно со својот најдобар пријател Маријан Петрески емотивно и токму онака како што треба, да препеа и долови веќе…

Погледнете: Како странец ја отпеа “Километри” од Влатко Лозаноски (Видео)

Факт е дека македонскиот поп пејач Влатко Лозаноски е еден од најслушаните и најпрепејуваните поп пејачи во Република Македонија. Неговите песни, познати хитови досега ги имаат препеано и имаат снимено многу кавери на дел од неговите песни. Меѓу многумината кои имат снимено кавер на песна од нашиот Влатко Лозаноски е и Рафаел кој ја препеа хитовската емотивна балада "Километри". Инаку Рафаел е изведувач кој пее песни на повеќе светски јазици, а досега на неколку наврати има препеано познати песни од Балканот. Што е тоа…

Лина Пејовска ја препеа безвременската “Крив си сам” (Аудио)

Дали се сеќавате на безвременските хитови од 90-те "Пред да заспијам", "Забава до бесвест", "Ноќна кралица"... тоа беа песни со кои многу генерации пораснаа, а истите се и ден денес големи хитови, безвременски хитови. Во тоа време не постоеше така наречениот аутотјун ефект, немаше песни кои беа без поента и глупави, со ефтини рими и пејачи и таканаречени ѕвезди кои денес ги има утре никој не знае каде се наоѓаат. Една од тие безвременски песни е и познатата "Крив си сам" која што ја испеа Снежана Џеповска. И после толку…

24 Covers: Бендот Риплеј ја отсвири светски хитовската “Senorita” (Видео)

Деновиве Никола Велиновски-Црни (гитара) и Столе Коцев (саксофон) или попознати како Риплеј Бенд, инструментално ја отсвиреа светски познатата и актуелна песна "Senorita" Како тоа звучи од двајца македонци во нивни стил, погледнете во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=XeaTKHgRMJU

24 Cover: Ајлин Акифовска – “Врати ми го сонцето” (Видео)

Младата и талентирана Ајлин Акифовска од Битола неодамна го објави својот прв cover. Се работи за преработка на хит-песната "Врати ми го сонцето" на пејачката Александра Јанева. Каверот е пропратен со спот снимен во подножјето на Пелистер. Уживајте. https://www.youtube.com/watch?v=Brg7hVFM8Fs&fbclid=IwAR2gKG1xMSgQCPsKraXYFwAp50YaLm1WrVFgxlaYPPAQVjD58497v3WdvT4