Македонска

Тијана Дапчевиќ се враќа во Македонија?!

Поминаа повеќе од 10 години откога Тијана гради кариера во Србија, со тоа ја запостави кариерата во Македонија. Последна песна која ја сними, а ја изведе на "Скопје фест" 2002 година беше прекрасната "Изгрев" која до ден денес се слуша. Првиот концерт го одржа пред шест години во Скопје, но малку од песните кои ги испеа се на македонски јазик. Во соработка со продукција "Горила", реши еден од своите хитови да препее на македонски. Песната која на српски се вика "Љуби ми се" во македонската верзија ќе биде со наслов " Срце…

Елена Велевска предизвика висок притисок во Америка

Фолк дивата Елена Велевска, која е на турнеја во Америка, Новата година ја дочека во Њу Џерси. Облечена во зелена, долга светкава тоалета Велевска успеала атмосферата да ја крене на завидно ниво, а гостите најмногу се расположиле кога Елена ја запеала "Висок притисок". Гастербајтерите уште еднаш ја покажале својата дарежливост, а доказ за тоа се и доларчињата кои летале околу предницата на пејачката. За Божиќ е закажан уште еден настап во Њу Џерси, а потоа турнејата продолжува со настапи во Чикаго, Детроит, Индијана,…

ДНК се повлекуваат од сцената?!

По малата одишка и одмор кој си дозволивме поради новогодишните празници, до нас дојде информација дека групата ДНК се повлекува од македонската музичка сцена, од сите тв, радио и останати настапи... но, не плашете се, сепак тоа е се со цел да се посветат максимално на албумот кој што на големо го подготвуваат и го ветуваат за месец април. До тогаш не ги бараме, а се надеваме дека по успешно одржаниот концерт кој го имаа неодамна, ќе имаат исто така одличен и успешен албум. Подготви: Марија Поповска

Bernays Propaganda со нов сингл и најава за албум

Bernays Propagandaсе бомбона која што наместо овошен сок во средината, има камен што ви ги крши забите. Поаѓајќи од  почетните постулати на панк филозофијата; слободата на изразувањето и социјалната свесност и солидарност, тие ја снимија својата нова (трета) плоча "Забранета планета". "Погрешно знаме" е првиот сингл од албумот кој излегува на 26-ти февруари. Подготви: Редакција на Музика24

Овогодишни евровизиски претставници на Македонија се Есма и Влатко Лозановски – Лозано

Есма Реџепова и Влатко Лозановски - Лозано ќе ја претставуваат Македонија  на претстојното 58-то издание на најголемиот меѓународен музички фестивал во Европа – Избор за песна на евровизија,  кој ќе се одржи од 14-ти до 18-ти мај 2013-та година во Малме, Шведска. Комозицијата за настапот на евровизија дополнително ќе биде избрана. "Според сопствените ингеренции кои што ни ги дава ЕБУ за избор, односно определување на национален претставник на овој музички натпревар, МРТ одлучи оваа година, како претставници на Македонија,…