Објавена нова Божикна каланда „Христос се раѓат, на светот радост!” (Фото+Видео)
Во прекрасните предели на Галичник и во манастирските одаи на Бигорската Обител, со благослов на епископот Антаниски Партениј, а во соработка со здружението „Бадникови поворки“, се подготвуваше уште еден видео запис за новата Божикна каланда „Христос се раѓат, на светот радост!”.
Оваа музичка творба потекнува од широките балкански простори од времето на Ромејското Царство, Византија и се пеела меѓу мијачкото население, заради што и сегашната верзија е отпеана токму на познатиот мијачки дијалект. Нејзиниот народен мелос,…