Светска

За 10 годишнината “One Direction” повторно заедно

Пред своето залагање за работите кои моментално се случуваат во светот, но и своите посебни проекти, момците од "One Direction" сепак мислат за своите фанови и се трудат да поработат на тоа 10 годишнинатата од некогаш планетарниот бенд да ги задоволи сите оние кои нетрпеливо ја очекуваат. Редовно во последните неколку месеци слушаме разни траги и шпекулации, како од членовите на групата, така и од разни други извори, кои треба сепак да ги земеме со одредена резерва. Според "Hollywood Life", Лиам Пејн, Луис Томлинсон и…

Пејачот Ед Ширан произведува домашно пиво (Фото)

Пејачот Ед Ширан почна да произведува домашно пиво на својот имот во Сафолк. Пивото е лично за него, а дел од количините се служи во пабот "Ланкастер Лок", пишуваат британските медиуми. Извор близок на 29-годишниот музичар, открил дека Ширан ужива во друштвото на своите пријатели, па и покрај пандемијата, повремено има гости кои и служи со своето пиво. Тој гостите ги пречекува во старата штала на имотот која уште во 2017 година ја реновирал во мини паб. Истиот извор раскажал и дека домашното пиво на музичарот не е воопшто…

Таткото на Ејми Вајнхаус открива: Во новиот филм ќе ја раскажеме вистината

Познатата пејачка Ејми Вајнхаус имаше само 27 години кога почина во јули 2011, а нејзиниот татко сака да го задржи сеќавањето на неговата ќерка преку новиот филмски хит. Нејзиното семејство потврди дека филмот е во рана фаза на подготовка. Иако снимањето требаше да започне лани, дури сега има конкретни активности на проектот што во киносалите треба да пристигне за две години. "Навистина очекувам фановите да ја запознаат повторно, онаква каква што беше навистина. Таа ги сакаше луѓето и тие ја сакаа. Вистинска, позитивна…

До крајот на годината “АББА” со нова музика

Две години откако најави враќање на музичката сцена, легендарната шведска четворка "АББА" конечно планира да издаде нова музика во текот на оваа година. Ова го објави еден од членовите на групата Бјерн Улвеус, откривајќи дека "некаде после летото" треба да излезат две песни, насловени "I still have faith in you" и "Don’t shot me down". "Новата музика доаѓа оваа година. Претпоставувам некаде после летото. Но, не можам да кажам со сигурност", изјави Улвеус. Во 2018, групата објави дека планира да издаде нов материјал, 35…

“Guns N’ Roses” објавуваат сликовница за деца

Рок-групата "Guns N' Roses" објавува сликовница за деца, инспирирана од една од нивните најпознати песни "Sweet Child of Mine“ oд 1988 година. Дел од проектот е и писателот Џејмс Патерсон. "Како вечен обожавател на групата, јас сум возбуден што работам со нив и што ја оживеав познатата песна низ слики и приказна. Сликовницата ја слави љубовта и музиката и како се тоа го разубавува животот на најубав можен начин", изјави Патерсон. Приказната "Слатко мое дете" е за Наталија и Маја – ќерка и внука на менаџерот на групата…