Во прв ред

Игор Џамбазов и “Гуру Харе“ за Свети Трифун на плоштад во Кавадарци (Фото)

Општина Кавадарци и оваа, 2020 та година ја продолжува традицијата на одбележување на празникот св.Трифун. На Св.Трифун лозарите ги закројуваат лозите и ги залеваат со црвено вино посакувајќи си плодна и бериќетна година. На самиот ден, 14-ти февруари се дава акцент на закројувањето на виновата лоза и отпочнување на лозарските работи, а со тоа и зачувување на традициите и обичаите типични за тиквешкиот лозаро-вински регион. Оваа година прославата на св.Трифун ќе трае два дена. Во склоп на програмата се…

За денот на вљубените: љубов, вино и Павле Камилоски

Се вели убавите нешта одат во пар - а љубовта и виното се оној совршениот. Неверојатна комбинација. А кога сето е зачинето со гласот на Павле Камилоски тогаш имате празник за сите сетила. Затоа не пропуштајте да бидете дел од настапот на уникатниот Павле Камилоски - одлична музика, квалитетно вино и многу љубов - токму тоа ве очекува в петок. Intermezzo music bar се погрижи во центарот на градот да ја пренесе атмосферата од светските метрополи, и тоа преку камерниот концерт на еден од најдобрите баритони во Македонија.…

“Placebo” ќе настапат на “Скопје гори 20.20”

Ретки се бендовите кои успеале да станат големи, а истовремено да останат авангардни, бескомпромисни и суперквалитетни во тој процес. "Placebo" се дефиниција за тоа. Затоа, Авалон продукција, со огромно задоволство ви најавуваме дека "Placebo" доаѓаат на возобновениот рок настан "Скопје гори фестивал 20.20", со ексклузивно шоу во регионот. Како во моментов звучи во живо еден од најмоќните светски рок бендови, публиката од Македонија и од регионот ќе може да види и да слушне на 25-ти јуни на стадионот на АРМ во Скопје.…

По повод Св.Трипун и Св.Валентин – “Дебармаалски серенади 2020”

Македонското здружение за култура, обичаи и традиции "Гороцвет", Скопје ги организира 18-те Дебармаалски серенади посветени на виното и љубовта, по повод Св.Трипун и Св.Валентин. Дебармаалските серенади ќе се одржат на 13-ти и 14-ти фебруари, поточно, четврток и петок. Дебармалски серенади стартуваат на 13-ти фебруари со почеток од 17 до 21 часот. Почнуваат со кршење "Дебармаалска погача" со песна, музика и вино. Потоа со серенади се оди по ул. "Костурски херои", таму се одржува ритуал на поливање со вода, цвеќиња,…

Концертот “Узун за Узун” традиционално на 15-ти фебруари

На 15-ти фебруари ќе се оддржи годинешниот концерт во чест на големиот музички маестро и музички педагог, Јанко Узунов, по повод и на денот на неговиот роденден. Концертот со наслов "Узун за Узун" ќе биде во салата на хуманитарниот дом "Даре Џамбаз" со почеток во 16 часот. Овој традиционален концерт го организира Музичкото училиште "Узун" во соработка со Црвен крст на град Скопје и, освен музичка, носи и хумана порака, а средствата кои ќе бидат собрани ќе бидат донирани на пунктот за бездомници при Црвениот крст. "Во…