Во прв ред

Откажан и карневалот во Струмица

Почитувајќи го заклучокот на Владата и препораките на Министерството за здравство, Општина Струмица и Организацискиот одбор на карневалот ги откажуваат сите манифестации од програмата на "Струмичкиот карневал 2020", информираше попладнево на прес-конференција градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски. Додаде дека со откажувањето на карневалските манифестации се избегнува и најмалиот ризик за евентуално ширење на коронавирусот. "Општина Струмица континуирано ја следеше и понатаму ќе ја следи актуелната состојба и апелира…

Се откажува карневалот “Прочка 2020”

Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски на денешната прес конференција ја информираше јавноста дека почитувајќи ги препораките од Министерството за здравство и Владата на Република Македонија, донесени врз база на член 58, став 1, алинеја 4 од Законот за заштита на населението од заразни болести, Општина Прилеп ги откажува сите активности и настани кои се поврзани со годинешниот Меѓународен карневал "Прочка 2020". "Жал ми е што се случува ова, и покрај нашите желби и сите напори што ги направивме во претходниот…

Божо Вреќо емотивно ја разбуди македонската публика (Фото+Видео)

Вчера вечер 23-ти февруари во Македонската опера и балет се оддржа долго очекуваниот и најавуван, интересен и спектакуларен концерт на "принцот на севдахот" на "ангелскиот глас" кој што само со една ислушана севдалника ќе ви ја стопи душата. Ова е негов прв концерт во Скопје, а втор во Македонија. После музичкото интро кое беше рај за уши, се појави токму тој... екцентричниот, но сам по себе интересен, со една посебна позитивна енергија, специфичен и екстравагантен... Божо Вреќо. За разлика од останатите концерти…

Македонската оперска дива Весна Гиновска Илкова со голем јубилеен концерт на 18-ти март

Како што дознава музичкиот портал Музика24, познатата македонска оперска дива Весна Гиновска Илкова на 18-ти март со почеток во 20 часот, во големата сала на Македонската филхармонија, ќе го оддржи својот голем јубилеен концерт. На јубилејниот концерт по повод 25 години артистичка кариера на Весна Гиновска Илкова, свое учество ќе земат и нејзините пријатели и соработници Влатко Стефановски, Бисера Чадловска, Љупчо Мирковски, Ивана Здравкова, Никола Стојчевски, Бобан Мирковски и Жарко Димоски. Билетите за концертот ќе…

Промоција на новиот албум и дружење со Зеле Липовача во Avalon Music & Ticket Store

Фронтменот на култниот бенд “Дивље јагоде“, Сеад Липовача - Зеле во среда на 26-ти февруари ќе се дружи со обожавателите на промоцијата на новиот албум “Jukebox“. Настанот ќе се одржи во Avalon Music & Ticket Store во ГТЦ (1 кат) со почеток во 13 часот. https://www.facebook.com/avalon.store.gtc/photos/a.123011999166501/148170886650612/?type=3&theater