Covers

24 Cover: Огнен Здравковски – „Душо моја“ (Видео)

Младиот пејач Огнен Здравковски, по неколку месеци пауза објави кавер верзија на познатата песна „Душо моја“ од Кемал Монтено. Новиот аранжман и целото аудио го направи Александар Тарабунов, a делници на виолина отсвире неговата сестра Олгица Здравковска.

“Драги мои, сите знаете изминатиов периодов ми се случи нешто што најмалце го очекував… Почина мојата најголема поддршка и идол, мојот вујко Зоран Џорлев… После неговата смрт направив подолга пауза, се повлеков, со пеењето и мојата кариера, но еве сега се решив да се вратам, да снимам и да извадам нешто ново… Направив преработка на една преубава песна од Кемал Монтено – „Душо Моја“ и како што имав најавено претходно, ја посветувам на него. Вујче мој, јас и ти си знаеме зошто баш оваа песна и знам дека ќе ја слушнеш и ќе ја видиш таму негде од горе, а вие слушнете, видете и се ќе ви стане јасно”, напиша Огнен на Инстаграм.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: