24 Covers: Ангелина Божиновска – “Don’t you remember” (Adele)

Музичкиот портал Музика24 продолжува со претставување на Вашите ковери на познати македонски и светски песни. Овој пат, ќе Ви ја претставиме младата и талентирана кумановчанка Ангелина Божиновска. Таа сними ковер за веќе познатата песна од Адел “Don’t you remember”. Инаку оваа 20 годишна студентка на музичката академија во Скопје, за прв пат македонската публика ја запозна во 2009-та преку песната “Љубов преку музика”, песна снимена со Тајзи. Во продолжение Ви предлагаме да го погледнете коверот кој што оваа млада и успешна девојка неодамна го сними. Подготви: Редакција Музика24
Повеќе на Музика24...