Covers

24 Covers: Фики – “Зајди, зајди” и “Јано мори” (Македонски народни песни)

Многу од македонските народни песни се препејувани и пеени и во минатото, но и ден денес. Едни од најизведуваните се и песните “Зајди, зајди” и “Јано мори”, песни кој ги отпеа и еден од најпознатите бугарски пејачи Фики кој често гостува во дискотеките во источниот дел од Република Македонија.

Овој пејач кој е ексклузивец на познатата Планета Пајнер често може да го видиме со неговите интересни спотови на бугарската музичка телевизија Планета. Тој направи микс од двете македонски песни, ги отпеа и сними видео спот за истите кој рака на срце изгледа светски.

Fiki StoraroНа прашање, зошто токму овие две македонски песни, Фики ни одговори дека тој одсекогаш бил голем фан на нашиот Тоше Проески и слушајќи го како тој ги пее овие две песни, и тој посакал еден ден да ги испее и сними. Се надеваме дека Фики е задоволен и дека ја исполни својата желба.

Аранжманите на двете македонски песни ги подготви Иво Молов, додека како режисер на видеото се потпишува Људмил Иларионо – Љоси. За да не претпоставувате за каква изведба станува збор, ви предлагаме да го погледнете видеото каде Фики на најможен совршен начин ги пее нашите две народни песни.

Уживајте!

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: