Covers

24 Covers: Петар Маркоски квартет и Горан Папаз – “Dream a little dream” (Fabian Andre)

Петар Марковски квартет и саксофонистот Горан Папаз го промовираа видеото за нивниот најнов музички проект насловен “Dream a little dream”. Овој пат двајцата музичари го преработија познатиот џез-стандард од 1931 година “Dream a little dream” од Фабијан Андре.

“Песната има 60 официјални снимки во светски рамки и се надеваме дека и нашата ќе најде место, некаде таму, во светот”, велат музичарите. Аудио и видео записот се изработени од страна на Даниел Јовески. Петар и Папаз ви посакуваат среќни празници и се надеваат дека ќе уживате и ќе се вратите барем за момент во минатото со овој видео-запис.

Уживајте!

http://youtu.be/476_vesCCCk

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: