Covers

24 Covers: Ричард Рики Спасовски – “Sing” (Ed Sheeran)

Борбен и храбар како што е и неговиот хороскопски знак Лав, Ричард Рики Спасовски 22 годишно момче кое што живее и работи во Германија, вели дека одсекогаш музиката била негова опсесија. а негова животна желба е повторно да се врати во својата родна Македонија. Вели дека речиси целиот живот е во Германија и дека неколку пати годишно доаѓа да се види со своите роднини и блиски пријатели. А што се однесува до музиката, тој за неа вели:

“Со музика се занимавам од моите 10 години, па се до ден денес, но досега ништо од тоа не било сериозно. Но, речиси има една година како почнав да се посветувам на музиката и секако како и сите останати да снимам ковери од познати светски изведувачи. Зад себе имам голем број на снимени ковери”, вели младиот Спасовски ексклузивно за Музика24.

Riki SpasovskiВашиот новинар кој досега се има уверено во музичките способности на Рики следејќи го на неговиот личен You Tube канал во минатото, не може многу да Ве насочи за она што точно ова младо момче има снимено, бидејќи како што вели тој за жал пред извесен период од непознати причини неговиот прв You Tube канал бил хакиран и сите снимки кој тој ги има поставено се едноставно избришани, но тоа не значи истите нема да бидат повторно аплаудирани. Но, само за Музика24 младиот пејач на неговиот ново отворен You Tube канал постави видео од неговиот најнов ковер за песната “Sing” од Ed Sheeran.

Тамара, Брејк, Нокаут… се само дел од омилените македонски музички артисти кои Рики сака да ги слуша во слободно време. Тој за Музика24 во врска со неговите идни планови вели:

“Наскоро планирам да снимам ковер за позната македонска песна, иако одлично не го знам македонскиот јазик, сепак ќе се потрудам тоа да го направам и секако Вие како специјализиран музички портал во Македонија ќе го објавите тој ковер. Инаку, што се однесува до професиналниот дел, планирам мојата прва авторска песна да ја снимам на англиски јазик, а секако понатаму зошто да не и на македонски”, вели Рики за Музика24.

Riki Spasovski

Освен што е пејач, ова младо момче се занимава со маникенството и досега се има појавено на многу ревии во Германија и Италија, а исто така е и одличен танчер, но за тоа во друга прилика на нашиот музички портал.

Во продолжение, со задоволство Ви предлагаме да го погледнете неговиот најнов ковер за песната “Sing” од Ed Sheeran.

http://youtu.be/4RZqInaaPJE

Подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: