Covers

Богдан Василевски со ковер за хитовската “Душа малечка” од Роберт Пирнер (Видео)

Досега на неколку наврати сме пишувале за младиот Богдан Василевски кој по секоја цена сака да им укаже на младите во Македонија дека треба да слушаат и пејат исклучиво македонска музика. Зад него се многу познати ковери од познати македонски автори како и популарни песни, а неодамна тој ја реализираше и акцијата “Слушајте македонска музика” кој што Богдан ја реализираше во два дела.

Тој во изминатиот период заедно со режисерот Даниел Јовески (кој што пак е познат по голем број на одлични видео спотови во Македонија и на Балканот), во студиото “Sustain” во Охрид, комплетно го реализираа коверот за песната “Душа малечка” од Роберт Пирнер, како што вели тој, го направиле со цел да ги мотивираат младите и сите останати повеќе да слушаат македонска музика, а воедно повозрасните да ги потсетат на големиот хит.

Видеото од веќе споменатата тема во изведба на електротехничарот и музичар Богдан Василевски следува во продолжение, а на вас останува да искоментирате како и дали ви се допаѓа неговата изведба на оваа позната македонска песна.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: