24 Covers: Александра Јанева – “Son of a preacher man” (Dusty Springfield)

Таа е млада, убава, згодна и се почесто и почесто има настапи низ градовите во Македонија. После преработката од минатиот месец на песната “Зошто баш ти” од Ноне Неделковска, поп пејачката Александра Јанева не престанува да споделува музички материјали по социјалните мрежи. Овој пат станува збор за акустична изведба на светски евергрин во едно од нејзините радио гостувања. Таа објави изведба на безвременскиот хит “Son of a preacher man” на Dusty Springfield кој речиси 50 години се препејува, изведува и слуша. Нејзината верзија е во препознатливиот стил на струмичанката, со карактеристична експресија и силна емоција. Во продолжение, преслушајте го и погледнете го новиот ковер од Александра.
Aleksandra Janeva – Son of a preacher man [ACOUSTIC]

Old school hits. 🙂 Уживајте! 🎶 🎸🎤 #acousticsessions

Gepostet von Aleksandra Janeva am Dienstag, 9. Mai 2017
Подготви: Марија Поповска
Повеќе на Музика24...