24 Covers: Биоритам – “Во бестрага” (Брејк)

Во текот на овој ден познатата македонска група Биоритам на YouTube изненадувачки, но сепак храбро, го промовираа веќе снимениот кавер за песната “Во бестрага” од некогаш познатиот македонски пејач Дарко Гелев – Брејк. Многу добро знаеме кои се и што претставуваат Биоритам на македонската музичка сцена, но она што го видовме, а ќе го видите и вие, претставува едно вистинско позитивно изненадување, нешто што искрено недостасува или е подзаборавено, познатите македонски пејачи, пејачки или групи да снимаат и промовираат веќе заборавени или песни кои се евергрини и кои засекогаш ќе останат запишани.

Што да се каже за каверот кој што Биоритам го промовираат, освен браво дечки и продолжете така. Во очекување на уште едно вака позитивно музичко видео од нив или од некој друг македонски пејач, пејачка, музичко лице… уживајте во нивната преработка на никогаш незаборавената, емотивна и одлична балада “Во бестрага”.

Повеќе на Музика24...