24 Covers: Марија Спасовска – “Euphoria” (Loreen)

Марија Спасовска е 12 годишно девојче кое плени со својот моќен глас. Иако е само седмо одделение, со сигурност можеме да кажеме дека и претстои убава и светла музичка кариера. Нејзиното досегашно искуство е прилично богато. Има издадено свое промотивно ЦД со вкупно 7 соло песни. Учествува и добитник е на награда за финалист од детска категорија при “Кастинг талент шоу”. Во истото шоу добива улога за мал ангел во првиот македонски мјузикл “Тајно Моја”. Има освоено и две награди со второ место на настапи во Минск, Белорусија и во Струга. Марија има добиено награда за трето место во Витебск, Белорусија на Славјански базар со изведбата на песната “Црно и бело” од Калиопи. Марија на пошироката јавност и стана позната со своите настапи на шоуто за млади музички таленти “Пинкови Ѕвездички”. Последно нешто од младата Марија е одличната преработка на песната победник на Евровизија “Euphoria” од Швеѓанка Лорен. Во продолжение погледнете го видеото и уживајте. Подготви: Александра Блажевска
Повеќе на Музика24...