Covers

24 Covers: Мармалад Банда – “За нас” (Дарко Гелев-Брејк)

Тие се од Струга, за која што велат дека нема друга и се нарекуваат Мармалад Банда. Нивниот бенд е составен од млади момци кои сакаат да го покажат и да го презентираат она што знаат и умеат, а тоа е музиката.

Зад себе имаа неколку ковери и велат дека во тек е подготвката на нивната прва авторска песна, а доколку се прашувате каде може да ги видите и каде настапувале, тие сега засега настапуваат само по куфулиња, приватни забави, како и секаде каде што би биле повикани.

Marmalad bandaНо тоа сега и не е тема на нашиот текст. Неодамна на нашата фан страна добивме линк од песната која што претпоставуваме речиси сите многу добро ја знаете, а тие ја преработиле. Станува збор за песната “За нас” од Дарко Гелев-Брејк. Преработката односно коверот е одличен, и затоа ние денес Ви го претставуваме и Ви предлагаме да го слушенете, бидејќи веруваме дека за овие млади момци допрва ќе се слушне.

Подготви: Синиша Новевски

Можеби ќе ве интересира: