24Covers: Наталија Славева и Александар Тодоров – “Shallow” (Видео)

После подолг период, во оваа рубрика повторно ви претставуваме македонски музички имиња кои на овој или оној начин се познати, но сепак, снимиле кавер за одредена позната препознатлива хит песна. Овој пат ви ги претставуваме Наталија Славева и Александар Тодоров кои што на свој специфичен, интересен и препознатлив начин ни ја доловуваат хит песната “Shallow” од филмот “A star is born”.

Аранжманот е на Иле Спасев, познат македонски продуцент и музичар, додека пак видеото е во реализација на Фабрика продукција. Што тие велат за овој кавер, од каде инспирацијата и мотивацијата истиот да го снимат и доловат пред македонската публика, изјави даваше Наталија Славева, дел од дуетската песна.

“Понесени од прекрасниот филм и прекрасната сентиментална балада “Shallow” се одлучивме заедно со Александар да направиме нова верзија, со нов аранжман кој брилијантно го направи Иле Спасев. Особено ми е мило што успеавме да снимиме и видео за кое се погрижија Фабрика продукција, а видеото е снимено во Enterprise Recording Studios. Се надеваме дека на публиката ќе и се допадне нашата изведба и со овој препев ќе ја дополниме предновогодишната еуфорија”, изјави Славева.

Повеќе на Музика24...