24 Covers: Пепа Димитрова – “На Велигден” (Џина Папас Џокси)

Досега на неколку наврати се случило препознатливата велигденска химна “На Велигден” да је препејуваат, обработуваат и слично. И оваа година нашата позната македонска пејачка Пепа Димитрова на свој препознатлив начин во една модерна, етно-џез верзија, “од женски агол” ја преработи и препеа оваа позната и надалку слушана песна за време на велигденските празници. “На Велигден” ми е една од омилените македонски евергрин песни”, вели Димитрова додавајќи дека “иницијаторот беше Џокси кој по настапот на “Охрид фест” ми рече дека му се допаѓа бојата на мојот глас и дека би сакал да ја препеам неговата песна. Чувствував голема одговорност и дадов сè од себе да ја испеам песната во едно модерно руво, како што јас ја чувствувам”. Песната е снимена во студиото студиото “Ентерпрајз” на Тино Скендеровски под водствто на Дамир Имери, додека видеото е снимано во продукција на “Енигма продукција”. Режијата ја потпишува Дарко Масларковски, а зад камерата е Кристијан Тодоров. Монтажата е дело на Жарко Масларковски, додека за колор корекции и постпродукција се погрижи Љупчо Спировски. Во видеото гостуваат познати македонски музичари, меѓу кои Кире Кузманов на саксофон и Стефче Стојковски на гајда, кавал и мандолина. Подготви: Александра Блажевска
Повеќе на Музика24...