Александар Темелков сними кавер за позната српска песна (Аудио)

Додека сите ние седиме дома, се забавуваме и наоѓаме разно разни обврски како денот би ни бил исполнет и секако интересен, младиот докажан и веќе познат македонски пејач Александар Темелков (кој патем сите го запознавме преку емисијата “Ѕвездите на Гранд”), не изненадува со кавер од познатиот српски пејач Дуле Јовиќ.

Песната “Успех” дело на Јосип Матиќ, аранжман Игор Кокиќ и текст Тесо Мркољиќ, Темелков со задоволство ја отпеа, а што се однесува до неговиот најнов кавер, тој за Музика24 изјави:

“Оваа верзија која јас ја отпеав на песната многу се разликува од оргиналот, затоа што ја направив во побрз ритам. “Успех” ја снимив затоа што најпрво ја чувствувам, а и малку ја променив. Покрај моите 5 (пет) песни решив да снимам и некоја преработка”, изјави Темелков во врска со неговата најнова снимена песна, кавер. Меѓудругото го прашавме и како функционира за време на овој малку потежок период, додека трае непознатиот вирус и додека сите треба да бидеме изолирани и да се само заштититиме.

“Во врска со коронавирусот им препорачувам на сите луѓе и на сите мои фанови да не излегуваат надвор, како што тоа јас го правам, да останат дома како би го зачувале своето здравје и здравјето на останатите. Само така можеме да го запреме ова моментално лудило”, додаде Темелков. Во продолжение слушнете го неговиот најнов кавер за песната “Успех” од познатиот српски пејач Дуле Јовиќ.

Повеќе на Музика24...