Александра Јанева преработи балада на Anne Marie (Видео)

Александра Јанева повторно ги израдува своите фанови подарувајќи им ново акустично видео. Овојпат на нејзината фејсбук страница се појави преработка на балада од мегапопуларната Anne Marie, еден од најкарактеристичните вокали на денешницата. Песната “Then” се наоѓа на албумот првенец кој треба да излезе на 27-ми април годинава. Видеото е направено во домашни услови, заедно со нејзиниот лајв бенд “2Be”, како што вели таа “за душа”. Аранжманот е на младиот талентиран гитарист Тино Стојановски. “Кога имаш посебна песна од омилена пејачка, а посакуваш да биде твоја, тогаш не ти останува ништо друго освен да си направиш преработка за душа!”, вели пејачката Јанева на социјалните мрежи. Кај нас се почесто гледаме преработки во индивидуална продукција во отсуство на радио или ТВ емисии со концепт според светските трендови, каде пејачите во живо со својот бенд ги изведуваат нивните најомилени светски хитови.
Then – Anne Marie (Cover)

Кога имаш посебна песна од омилена пејачка, а посакуваш да биде твоја 😢 – правиш cover за душа. 😁Anne-Marie 2Be

Gepostet von Aleksandra Janeva am Donnerstag, 1. März 2018
Подготви: Марија Поповска
Повеќе на Музика24...