Антонио Тасевски сними кавер за песната “Тајно моја” од Тоше Проески (Видео)

Македонскиот пејач кој преку своите настапи ја негува македонската песна и култура во Чикаго, Антонио Тасевски времето поминато во карантин го искористи за да сними преработка на големиот хит “Тајно моја” од 2000 година на нашата најголема музичка легенда Тоше Проески.

Проектот е објавен на неговиот YouTube канал, а снимен е во музичкото студио “МСН Чикаго”. Покрај Антонио како вокал, учество во проектот имаат и Мурис Хубјер (пиано), Ведран Томичиќ (гитари) и Алекс Петковски (кавал).

Инаку, песната “Тајно Моја” е деветта по ред на студискиот албум “Синот Божји” на Тоше Проески кој беше објавен во 2000 година од продукцијата “Авалон” за Македонија и “БК Саунд” за регионот.

Повеќе на Музика24...