Бенд од Измир направи кавер верзија на песната “Што имала к`смет Стамена” (Видео)

Во градот Измир од 2007 година функционира македонскиот “Сакобенд” чиј што членови се по потекло од Македонија. Имено, овој бенд од своето основање па се до денес ја негува македонската песна и оро и свири исклучиво македонска музика на сите свадби, сунети, забави и концерти кои ги организираат иселениците од Македонија што живеат во Турција.

Денес само во Измир има над 500.000 иселеници од Македонија, или во цела Турција над 2.000.000 жители со македонско потекло. Иселениците од Македонија во Турција успеваат да ја зачуваат изворната македонска традиција, култура и јазик. Тие сеуште ги негуваат сите адети на македонската свадба, на која и старо и младо ги пеат македонските песни и ги играат македонските ора.

Деновиве под мотото “Седи дома – Свири од дома”, “Сакобенд” во соработка со популарниот пејач Румели Екрем, кој исто така е иселеник од Македонија, снимија модерна кавер верзија за народната песна “Што имала к`смет Стамена”.

Во продолжение слушнете како изгледа модерната Стамена во преработка на членовите на “Сакобенд” од Измир, Турција.

За Музика24 од Турција: Мартин Николовски

Повеќе на Музика24...