Covers

„Dangerous“ со ковер изведба од Петар Маркоски (Видео)

Многу познати артисти од Македонија дадоа свој придонес во зачувување на квалиетот на квалитетната поп музика како од македонската музичка сцена така и од странската, еден од нив е и познатиот пејач од Охрид Петар Маркоски кој заедно во придружба со гитара ја изведе познатата композиција од David Guetta во опуштен амбиент покрај Охридското езеро.

“Благодарен сум за финалниот производ како излезе така што се надевам публиката ќе ужива во музичко парче”, изјави Петар Маркоски. Ова е дефинитивно една од најквалитетните изведби кој досега сме ги слушнале, затоа не се двоумевме во нашиот избор како музички портал.

Петар Маркоски активно работи на својата музичка кариера така што во сабота, 11-ти април ќе настапува во рамките на музичката манифестација “Велигденски порта фест”, кој се одржува четири дена во Ресен. На годинешното второ издание на фестивалот, Маркоски ќе ги забавува ресенчани со свирка во живо, во придружба на бенд, две гитари и тапани.

https://www.youtube.com/watch?v=Bg4u45TbyaI

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: