Даниел Дан ја преработи хит песната “Не сум твој тип” (Видео)

Во време кога настапите на сите музичари се целосно откажани, младиот македонски поп пејач Даниел Дан заедно со својот бенд реши дека токму ова е вистинскиот момент за да ја покажат својата креативност. Музицирајќи во домашен амбиент успешно ја доловуваат својата цел, односно, тие снимија видео спот во домашни услови со кое искрено се надеваат дека ќе придонесат за вашето добро расположение и дека барем малку ќе ја разбудат и вашата креативна страна, која можеби е некаде подзаскриена.

“Hit the Hits” е насловот на моето шоу, кое изминативе години активно го пласирам пред македонската публика. Овој пат под тематиката “Quarantine and Chill” решивме да преработиме десетина македонски поп хитови”, изјави Даниел Дан.

Инаку, во бендот членуваат: Даниел Данн (вокал), Александар Кипровски (гитари), Миле Наумовски (клавијатури), Дарко Јовановски (ударни инструменти), Лазар Соколов (дувачки инструменти). А што се однесува на продуценскиот дел, за видеото се погрижи самиот Даниел, додека за аудио миксот беше задолжен Александар Кипровски.

Во продолжение, уживајте и седете дома.

Повеќе на Музика24...