Младата уметничка од Финска, Вилма Талвити, ги освои срцата на Македонците, а нејзината прекрасна преработка ги запали социјалните мрежи. Во изјава за тв Сител таа вели дека веднаш била привлечена од убавината на песната и македонскиот ритам.
“За време на етно-едукативните кампови имаше балкански свирки. Песните од тие подрачја често се свиреа. Сум ја чула „Јовано Јованке“ многу пати и некои други македонски песни и така се заинтересирав за песната. Ја сакам приказната и мелодијата”, вели Талвити.
Појаснува дека на почетокот имала потешкотии со изговорот, но го усовршила со помош на слушање и вежбање на други изведби на песната.
Во продолжение, со задоволство ви препорачуваме да ја видите и слушнете нејзината изведба на познатата македонска народна песна со клик на: “Јовано, Јованке”.