Додека се сите во изолација, “Адреналин Бенд” промовира два хит кавера (Фото+Видео)

Во продукција на Арт Студио, познатата македонска група “Адреналин Бенд” неодамна сними две кавер песни од нашиот непребол Тоше Проески. Тие за време на коронавирусот или подобро речено корона лудилото кое што го нападна целиот свет, ги промовираат двата кавери и тоа за хит песните “Боже чувај ја од зло” и “Усни на усни”.

Како што и самите тие велат, каверите се снимени во опуштена и пријатна лежерна атмосфера. Тие по повод промовирањето на најновите кавер песни, за Музика24 изјавија:

“Не случајно ги одбравме едни од најубавите песни на нашиот Тоше Проески, песни кои се секогаш дел од нашиот богат репертоар и публиката сака постојано да ги слуша”, велат тие за Музика24.

Како звучат овие препознатливи хит песни кој ретко кој може така добро и професионално да ги отпее, како што тоа го направи Филип Василевски – вокалот на “Адреналин Бенд”, слушнете и погледнете во продолжение.

Уживајте!

Повеќе на Музика24...